Кардинал Паролин на Генералното собрание на ОН: Меѓународната заедница треба да ја преземе својата одговорност

За да се зачува мирот потребно е обновено заземање на ОН против терористичките напади – изјави кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, говорејќи на 29 септември на 69. Генерално заседание на Обединетите Нации во Њујорк. Кардиналот исто така заборуваше за прогонствата на христијаните и етничките малцинства.

Мојата делегација сака да потсети дека е меѓународната заедница треба да ја преземе својата одговорност за употреба на најдобрите средства за запирање на агресијата – но сме и одговорни да ги заштитиме најслабите.

Кардиналот изрази разочарување, бидејќи досега меѓународната заедница покажа противречни гласови, па дури и молчење за судирите во Сирија, Украина и на Блискиот Исток.

Денес пред вас морам да ги спомнам бројните христијани и етничките малцинства кои во последните месеци се брутално прогонувани во Ирак и Сирија. Нивните повици треба да бидат постојана обврска за почитување и промовирање на достоинството на секоја личост, создадена од Бог и љубена од Него.

Освен тоа кардиналот во својот говор истакна дека за општото добор важна е единствена акција и избегнување на вето, а посака обновено делување на Обединетите нации.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот