Кардинал Паролин молеше пред моштите на блажена Мајка Тереза во Скопје

Во саботата на 19 март 2016 година, кардиналот Паролин заедно со бискупот монсињор Киро Стојанов и апостолскиот нунциј Анселмо Гвидо Пекорари, во утринските часови ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

Пред куќата кардиналот го пречека  директорката на Спомен куќата, при што беше запознаен со историјата и со животот на Мајка Тереза. Потоа кардиналот се упати во капелата која се наоѓа во Спомен куќата. Таму го пречекаа Сестрите мисионерки на љубовта кои веќе три децении делуваат во Скопје. Кардиналот заедно со сите присутни, во атмосфера на блискост, молеше пред реликвијарот на блажена Мајка Тереза за Црквата во Македонија.

к.мк/Е.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот