Кардинал Паролин: Европа не смее да прифати продолжување на агреорската војна во Украина

Кардинал Паролин: Европа не смее да прифати продолжување на агреорската војна во Украина

Државниот секретар кардинал Пиетро Паролин ги повика земјите-членки на Советот на Европа да преземат акција и да воспостават „конечен и праведен мир во Украина“.

Шефови на 46 држави и влади од цела Европа се собраа на 4. Самит на Советот на Европа, дводневен состанок во Рејкјавик, Исланд за да разговараат за приоритетите и политичките насоки на Организацијата во поглед на променетите геополитички сценарија во Европа.

Државниот секретар кардинал Пиетро Паролин го претставуваше Светиот Престол на самитот, бидејќи Светиот Престол има статус на набљудувач во Советот на Европа, меѓународна организација која се обидува да ги поддржи човековите права и владеењето на правото во Европа.

Мировниот проект „на јажиња“

Говорејќи на средбата во среда, 17 мај 2023 година, кардиналот Пиетро Паролин ги упати поздравите на папата Фрањо до шефовите на државите кои учествуваат на самитот. Тој истакна како Декларацијата од овој самит потсетува дека Советот на Европа е „мировен проект“.

Сепак, тој посочи, цитирајќи ги зборовите на папата Фрањо, како војната во Украина покажува дека „страствената потрага за политика на заедништво и зајакнување на мултилатералните односи изгледа дека се тажен спомен од далечното минато“.

Затоа, ватиканскиот државен секретар потсети на „духот“ на основањето на таа организација и повторно ги повика европските лидери да се потсетат на прашањата кои папата Фрањо ги упати во својот прв говор пред граѓанските и политичките власти во Будимпешта за време на неговото Апостолско патување во Унгарија: „Имајќи ја предвид Украина разурната од војна, каде се креативните напори за мир?“.

Конечен и праведен мир во Украина

Продолжувајќи во истиот дух, кардиналот Паролин рече дека Европа не смее да го заборави украинскиот народ кој страда и умира. „Не можеме пасивно да прифатиме да продолжи агресорската војната во таа земја која страда“, истакна тој.

Ватиканскиот државен секретар го заврши своето обраќање на самитот на Советот на Европа со уверување дека Светиот Престол ќе даде се од себе за постигнување мир во Европа и светот. „Време е да се преземе акција и да се воспостави конечен и праведен мир во Украина и во сите други таканаречени „сиви“ области на Европа“, рече кардинал Паролин.

Во тој правец, придонесот на Светиот Престол никогаш нема да изостане, истакна кардиналот Паролин, неколку дена по аудиенцијата на Светиот Отец и украинскиот претседател Зеленски во Ватикан, при што беше потврдена „потребата од континуирани хуманитарни напори за поддршка на населението“. Пред повеќе од една недела, на маргините на еден настан во Рим, кардиналот Паролин го потврди продолжувањето на ватиканската „мисија“ за промовирање на мирот во Украина, за што зборуваше папата Фрањо за време на неговото интервју на повратниот лет од Будимпешта.

Регистар за штети за Украина

На состанокот на самитот на Советот на Европа во главниот град на Исланд, Рејкјавик, претставниците на 46 европски земји го изразија своето единство во поддршката на Украина во борбата против руската агресија. Една од темите на разговорот беше како да се надомести огромната штета на Украина од наметнатата војна. Три од вкупно 46 земји-членки се уште не се приклучиле, иако ја изразиле својата намера.

Зборови на украинскиот премиер Шмихал

Премиерот на Украина, кого папата Фрањо го прими во аудиенција на 27 април оваа година – говорејќи на маргините на самитот, формирањето на регистарот за штети го дефинираше како „прв чекор кон создавање на меѓународен механизам за компензација“, како и „историска одлука што ќе го овозможи патот до правдата и компензацијата за Украина и нејзиниот напатен народ“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот