Кардинал Паролин во Полска

Евангелизаторски напор е потрбен како никогаш досега во сè повеќе секуларизираното европско општество. Поради тоа прославата на 1050 годишнината од покрстувањето на Полска треба да поттикне „гледање кон иднината со надеж и обновена вера“ – рече кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, на крајот на светата Литургија која ја предводеше во катедралата во полскиот град Гниецно, заедно со надбискупот Војчих Полак. Тоа беше прва службена точка на неговото патување во Полска, во улога на специјален папски пратеник, кое започна со слетувањето на аеродромот во Познан.

Во посетата на Полска по повод обележувањето на крстењето на полскиот кнез Миешк на 14 април во 966 година, кардинал Паролин истакна дека се работи за настан кој помогна „да се координира идентитетот и независноста на тогашното Полско кнежевство и означи почеток на бавниот процес на христијанизација на населението“. Од тогаш – додаде кардиналот – христијанската вера ја оплодила таа земја.

Во својот поздрав, Папскиот државен секретар, исто така, ја истакна тесната врска која ги обединува Полска и Јубилејот на милосрдието, чија порака – како што рече – интимно е поврзана со света Фаустина Ковалска и големиот папа Иван Павле II, кои ја покажаа важноста на милосрдието со сопствените животи и дела.

На крајот на првиот ден од тридневната посета, кардинал Паролин, исто така, при Институтот за европска култутра, учествуваше на проекцијата на филмот посветен на покрстувањето на Полска.

РВ/Б.Р:

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот