Кардинал Леонардо Сандри во посета на Украина

Кардинал Леонардо Сандри во посета на Украина

Кардинал Леонардо Сандри префект на Конгрегацијата за Источни цркви, од 11 до 17 јули 2017 гoдина ќе престојува во Украина, на покана на големиот киевски архиепископ Свиетослав Шевчук, поглавар на Источната католичка Црква во Украина.

Кардиналот ќе ги пренесе поздравите, благословот и солидарноста на папата Фрањо до источната католичка заедница, до католиците од латински обред, православните и сите кои трпат заради последиците на конфликтот кој трае веќе три години. За време на посетата ќе го посети Киев, Лавов, Харкив, Словијанск, каде меѓу останатото ќе се сретне со бегалци, и богородичното светилиште Тернопиљ.

Желбата е тоа патување да биде патување на утехата, да се пренесе зборот на радоста и надежта на папата Фрањо на земјата, која многу страда заради последиците од неодамнешниот конфликт – рече кардинал Сандри во разговор за Радио Ватикан. Ќе го посетам источниот дел, каде живеат источни католици, но каде што има и католици од латински обред и православни. Сите тие делови ја обликуваат христијанската земја, земјата во која се верува во Бог, во Исус Христос, а таа вера се поврзува со страдањето на крстот, страдање заради поделбите, војните и оние кои се жртви на тие случувања, посебно оние недолжните – рече кардиналот. (…)

Спомнувајќи го потоа собирањето на милостиња за Украина, кое на поттик на папата Фрањо е спроведено во сите католички цркви во Европа, кардиналот рече дека тие средства се знак на солидарност на сите католици во Европа. Тие се донации кои Папата ги прими за сите Украинци. Затоа пораката е општа: љубов и солидарност за сите оние кои се жртви на таа хуманитарна криза, затоа што во таа земја владее глад, нема лекови, а домовите и училиштата се уништени – истакна кардиналот.

Со помош на Каритас, Источните католички цркви, Латинските цркви, Православните цркви – затоа што Папата сака таа помош да стигне до сите – сака да се ублажи страдањето на тие луѓе, сака да се даде надеж во иднината на таа земја која сакаме да ја видиме слободна. Таа е земја на луѓе кои имаат многу човечки и духовни квалитети, а кои ја имаат нашата христијанска вера. Затоа се надевам дека таа порака на Папата за братство, помош, солидарност на сите ќе им ја донесе радоста на Евангелието – рече на крајот кардинал Сандри.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот