Кардинал Кох: Папата е многу задоволен од Шведска

Кардинал Кох: Папата е многу задоволен од Шведска

За значењето на посетата на Папата на Шведска по повод 500 годишнина од реформацијата кардинал Курт Кох претседател на Папскиот совет за промовирање единство на христијаните се осврна во разговор за Радио Ватикан.

Екуменизмот е во срцето на Светиот Отец. Папата сака да промовира единство меѓу христијаните затоа што тоа е многу важно. Затоа сум благодарен што одговори на лутеранскиот повик да појде во Шведска на комеморацијата за 500 годишнина од Реформацијата. Се виде дека папата Фрањо беше многу задоволен. Многу внимателно слушаше, посебно сведоштвата на луѓето од разни делови од светот. Неговиот одговор беше многу јасен, охрабри да се оди напред, дека не треба да се плашиме и да се соберат сили за успешно соочување со сегашните предизвици – истакна кардинал Кох.

За овој историски ден на папата Фрањо со Лутераните, Грег Бурке директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол рече: Беше прекрасен ден, многу напорен, но навистина прекрасен. Мислам дека не можеше да биде поубав. Папата остана верен на напишаниот говор, но во еден момент попладне говореше за „револуција на нежноста“. Се виде дека тие зборови допреа до луѓето… Луѓето од разни делови од светот ги претставија своите сведоштва. Него го допре говорот на една госпоѓа која говореше за „лудоста“, а Папата возврати: Да, тоа е лудост за оние кои го љубат Исус Христос“ – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот