Кардинал Долан: Литургијата ти е досадна? Се плашам дека проблемот е во тебе, не во неа!

„Литургијата е досадна, секогаш едно те исто! Литургијата треба да се адаптира на времето!“ Се согласувате? Е тогаш прочитајте што мисли за тоа њујоршкиот надбискуп кардиналот Тимоти Долан. Можеби ќе почнете да размислувате на друг начин!

„Литургијата е досадна!“

Родители, колку често го слушате тоа од своите деца во недела наутро? Колку често ова го слушат учителите и вероучителите додека ги спремаат децата за литургија? И признаваме, колку често истото го велиме и ние?

Што да се каже на оваа жалосна и скоро светогрда изјава?

Па, како прво, ние едноставно мораме да одговориме: „Не, не е така! Можеш да кажеш дека литургијата е досадна, но тоа е повеќе твој проблем отколку проблем на литургијата.“

Можеме да пронајдеме многу важни активности во животот кои се „досадни“: посета на стоматолог; слушање човек кој има проблеми со бубрегот,кој својата дијализа ми ја спомнува по трипати во неделата, не е воопшто возбудливо; гласањето на избори не е многу забавно. Но, овие три работи се многу важни за нашето добро, а нивната вредност поприлично зависи од нашето добро расположение. Литургијата е уште поважна за здравјето на нашите души од наведениве примери.

Нашиот проблем е досадата. Општествените коментатори ни зборуваат дека ние денес, иако станавме имуни на толку гласни звукови или префрлања на каналите додека ја гледаме програмата, сме осетливи на досадата.

Да му благодариме на Бога за тоа што личностите или вредностите не зависат од тоа што и на кого нешто му е досадно. Луѓето и важните настани не постојат за да не воодушеват, освен ако не сме најголеми нарцисти и разгалени деца! Тоа посебно се однесува на светата литургиска жртва. Ние веруваме дека секоја литургија го обновува најважниот настан кој се има случено некогаш: вечната, бесконечна жртва на благодарност на Бог Синот, Исус, на Бог Отецот на крстот на Голгота во петокот што го нарекуваме Велики Петок.

Да размислиме малку околу тоа: на римските војници им било досадно на Голгота, толку многу што го исмејувале Исус и фрлале жрепка за неговата облека, единствената материјална сопственост која ја имаше Исус во тој момент на крстот.

Второ, не одиме на литургија поради забава, туку поради молитва. Ако цвеќето на олтарот е убаво; ако ви е убава музиката; ако работи клима уредот; ако проповедта е кратка и смислена; ако луѓето се пријателски расположени… сето тоа сигурно ви помага.

Но литургијата важи и кога сето горе наведено можеби недостасува и за жал, често недостасува!

Бидејќи не станува збор за нас, туку за Бог. Тоа е суштината на литургијата. А вредноста на литургијата доаѓа од нашето едноставно, но и длабоко уверување, врз основа на верата, дека еден час во неделата и ние сме дел од онаа страна, подигнати во вечноста, учесници во тајната, соединети со Исус преку благодарноста, љубовта, помирувањето и жртвата. Тоа што Исус го прави за нас никогаш не е досадно. Литургијата не е некоја макотрпна работа која ја работиме за Бог, туку прекрасно чудо во кое Исус работи со нас и за нас.

Еден господин ми зборуваше за својата семејна неделна вечера додека растел, за срцето на неделата. Храната била толку добра, бидејќи неговата мајка готвела многу добро, а на семејната трпеза било толку пријатно бидејќи неговиот татко бил на неа.

Дури и по стапувањето во брак и добивањето на децата, сите продолжиле да одат на таа неделна вечера. Кога неговите деца пораснале го запрашале дали мораат да одат, бидејќи одвреме навреме им станало „досадно“. „Да, морате да одите“, тој би одговорил, „бидејќи ние не одиме само поради храната, туку поради љубовта, бидејќи мама и тато се таму!“

Почна да плаче кога се присети дека, кога мајка му и татко му остареле, храната не била толку добра, а нивната фабрика не работела така добро, но тој никогаш не би ја пропуштил вечерата, бидејќи таа неделна вечера бил настан што имал голема длабочина, дури и кога на мајка ми и ќе ѝ изгореа лазањите, а таткоми ќе климнеше со главата.

И сега, заклучил дека би дал сè за да се врати повторно таму, бидејќи мајка му починала, а татко му е во дом за стари лица.

Така сега тој и неговата сопруга се домаќини, а тој се надева дека еден ден неговите деца ќе ги донесат своите сопружници и деца кај нив на неделна средба.

Гледате, вредноста на таа неделна вечера не зависи од тоа колку е добра храната, колку е скапо виното, колку е интересен разговорот. Сето тоа сигурно помага, но настанот е она што има вистинска вредност.

Истото важи и за неделната вечера на нашето духовно семејство: литургијата.

Некои мислат дека играта на Јенките на стадионот е досадна; некои сметаат како кантри музиката е исто досадна; некои, пак луѓе велат дека вредностите како што се пријателството, волонтерската работа, семејството, преданоста, великодушноста и патриотизмот „се поминати“ и повеќе не се „возбудливи“.

Јас би рекол дека имаат проблем!

А некои ми велат дека „литургијата е досадна“…

Надбискуп на Њујорк, кардинал Тимоти Долан

Битно нет/ превод: В.Н.

За авторот