Кардинал Бо: Мјамнар е воена зона

Кардинал Бо: Мјамнар е воена зона

Кардинал Чарлс Бо од Мјанмар упати апел до војската во таа земја да го запре насилството и повика на демократско движење и етничките вооружени групи да се стремат за мир. Последниот апел на кардиналот доаѓа по нападите на воените сили на Божиќ.

Ја повикувам војската да престане со бомбардирање, гранатирање и убивање. Повикувам на демократско движење и етничките вооружените групи искрено да се заложат за мир. Се молам од длабочината на своето срце за крај на трагедиите кои ги сведочевме во последните денови и седмици и премногу години и децении, рече кардинал Бо во изјавата на 26 декември, молејќи да осамне нова зора за својата земја и за душите на оние кои брутално се убиени.

Пораката на надбискупот на Јангон доаѓа после нападот кој се случи на Божиќ, во кој се убиени најмалку 35 лица – вклучувајќи жени и деца, во селото Мо Со во државата Кајах. (…)

Кардиналот го опиша масакрот во селото Мо Со во државата Кајах како „срцепарателно и ужасно злосторство“ кое во целост и безрезервно го осудува и додава дека додека многумина го славеа светлото и живот на Кнезот на мирот, многумина во Мјанмар ја доживеа темнината на смртта и уништувањето. Целиот наш сакан Мјанмар сега е во воена зона, рече кардиналот.

Апелирам до сите оние кои се држат до оружјето да го одложат. Ја повикувам војската на Мјанмар, Татмадав да престане со бомбардирање и гранатирање на недолжни луѓе, да престане со уништување на домови и цркви, училишта и клиники и да започне дијалог со демократското движење и етнички вооружените групи“, повика кардиналот Бо исто така молејќи ги групите на вооружениот отпор да препознаат дека оружјето не ја решава кризата, туку ја овековечува, предивизкува уште повеќе страдање и пропаст.

Кардиналот истакна дека додека се апелира од меѓународната заедница за помош, молитва, солидарност за хуманитарна помош и дипломатски напори за да се помогне во ставањето крај на трагичните конфликти и барањето мир и правда, меѓународните и мултилатералните организации не можат да го решат проблемот на Мјанмар. Ја повика нацијата да склопи мир меѓу себе и заедно да ја осмислат новата иднина на слободата со правдата, вистината и помирувањето.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот