Кардиналскиот совет ја одржа 17. седница

Кардиналскиот совет ја одржа 17. седница

Направен е понатамошен чекор во реформата на Куријата: Кардиналскиот Советот по 17 пат се сретнаа во Ватикан заедно со Папата за да ја анализираат структурата на ватиканската администрација.

Средбата траеше од 12 – 14 декември 2016 година. Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Грег Бурк одржа брифинг за новинарите за да ги извести за тоа што се работело на седницата. Кардиналите во светло на новата апостолска конституција размислувале за различните тела во Куријата, а посебно за Државниот секретаријат, Конгрегацијата за евангелизација на народите, Конгрегацијата за епископите и Конгрегацијата за Источните цркви.

Две клучни теми се јавуваат како насоки за реформа на дикастериите на Куријата: мисионерскиот поттик и синодалноста. Кардиналите го завршиле проучувањето на другите дикастерии (Конгрегацијата за наука на верата, Конгрегацијата за институциите на посветениот и општествата на апостолскиот живот, Конгрегацијата за прогласување на светците и Папскиот совет за промовирање на христијанското единство) и го доставиле завршниот предлог до Светиот Отец. Значајно време посветиле на проектите на двете нови дикастерии. Кардинал Кевин Фарел говорел за Дикастеријата за лаици, семејство и живот чиј е префект, а расправата по излагањето се фокусирала на улогата на лаиците со повик сите повторно да го прочитаат писмото на папата Фарњо на кардиналот Марк Квелет, претседател на Папскиот совет за Латинска Америка.

Кардинал Петер Турксон го претставил работниот план за Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој која обединува четири Папски совети: за правда и мир, Cor unum, за пасторална грижа на мигрантите и патниците и за пасторална грижа на здравствените работници. Во придружба на кардинал Турксон бил надбискупот Силвано Марија Томаси кој објаснил за новата канцеларија за спроведување на пасторалната конституција Gaudium et Spes. Кардинал Шон О’ Мали ги претставил неодамнешните активности на Папската комисија за заштита на малолетниците, додека кардинал Џорџ Пел известил за најновиот развој поврзан со Секретаријатот за економија.

Монс. Дарио Виган префект на Секретаријатот за комуникација ги претставил до сега направените како и идните чекори во реформата на комуникацијата на Светиот Престол со посебен акцент на обуката на персоналот.

Следната средба на Советот ќе се одржи од 13 – 15 февруари 2017 година.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот