Кардиналот Сандри во Турција

Карддинал Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источните цркви ќе го посети Истанбул од 10 од 12 јуни. Тој за време на посетата ќе го предводи епископското ракополагање на монс. Рубен Терабланка Гонзалес, апостолски викар во Истанбул и апостолски администратор на Егзархијата на верниците од источен обред.

Програмата на посетата на кардиналот предвидува учество на Божествената Литургија во Фанар, по покана на Вселенскиот патријарх на Константинопол, Вартоломеј I, на 11 јуни, именден на Патријархот. Попладне на истиот ден, во латинската катедрала ќе биде служена литургија за ракополагање на монс. Терабланка, во сослужение со монс. Лоренцо Пиреја, архиепископ-митрополит на Измир, и монс. Паоло Бицети, апостолски викар во Анадолија.

На 12 јуни, кардинал Сандри ќе ја предводи литургијата во домот на Малите сестри на сиромашните „Ma Maison“, на која ќе земат учество постари луѓе згрижени во домот и група млади сириски и ирачки бегалци, за кои се грижат оците Салезијанци. По литургијата ватиканскиот претставник ќе се сретне со сите епископи во Турција.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот