Кардиналот Пулиќ се сретна со амбасадорката на Р. Хрватска во Македонија

Кардиналот Пулиќ се сретна со амбасадорката на Р. Хрватска во Македонија

На 17 ноември 2017 година, надбискупот и митрополит врхбосански кардинал Винко Пулиќ во текот на првиот ден од својата пасторална посета на Црквата во Македонија се сретна во бискупската резиденција во Скопје со амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Даниела Баришиќ.

Со кардиналот Пулиќ при посетата присуствуваше месниот бискуп монс. Киро Стојанов и генералниот викар на врхбосанската надбискупија монс. Лука Туњиќ.

Амбаснадорката Баришиќ го запозна кардиналот Пулиќ со животот и работата на хрватската заедница во Македонија и ја истакна стратешката подршка на Република Хрватска за хрватите во оваа земја. Исто така се осврна на убавата соработка со Католичката Црква во Македонија и го извести кардиналот дека во Скопје овие денови е промовиран Хрватско-Македонскиот речник. Соговорниците исто така разменија мислења за актуелните теми во земјава и кардиналот ја пофали ангажираноста на Република Хрватска кон Хрватите во дијаспората, истакнувајќи ја мисијата на Централната државна канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска.

к.мк/д.д.т.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот