Кардиналот Крајевски неповреден по нападот во Украина

Кардиналот Крајевски неповреден по нападот во Украина

При завршувањето на истоварувањето на залихите во близина на Запорожје, Украина, кардиналот Крајевски и неговата придружба беа под оган од лесно оружје. Префектот на Дикастеријата за Министерството за милсордие и придружба се неповредени и продолжиле да даваат помош.

Кардиналот Конрад Крајевски моментално е во Украина по четврти пат од почетокот на руската инвазија. Тој е во таа источноевропска земја за да достави хуманитарна помош, Бројаници и духовна близина во име на папата Фрањи.

Кардиналот со полско потекло најпрвин отпатува во Одеса, потоа во Запорожје, каде што моментално се наоѓа. Неговото патување треба да продолжи во Харков.

Кардиналот Крајевски, во телефонски разговор за Vatican News во саботата, објасни зошто го смета овој ден за важен во неговиот живот. „Денес е посебен ден“, рече тој, „бидејќи поминаа девет години откако Светиот Отец ме избра за Папски делител на милостина и на овој ден бев хиротонисан за бискуп. Кардиналот беше хиротонисан за бискуп на 17 септември 2013 година во базиликата Свети Петар на церемонија на која присуствуваше и папата Фрањо.

Токму на годишнина, кардиналот Крајевски престојува во близина на украинскиот град Запорожје, заедно со католички бискуп, протестантски бискуп и украински војник. Со нивна помош, тој го натовари своето комбе со намирници и се упати кон првите борбени линии, област за која се вели дека „повеќе не влегува никој освен војници“ поради силниот оган. Тој отиде токму да им помогне на луѓето кои останаа во тој крај со пријателска рака, храна и други потреби.

Како што завршуваше со растоварање залихи за некои локални жители, кардиналот Крајевски и неговата добротворна придружба беа под оган од лесно оружје. Кардиналот заедно со неговите придружници влегле во засолниште. „За прв пат во мојот живот“, изјави тој за Vatican News по настанот, „не знаев каде да трчам… бидејќи трчањето не е доволно. Мора да знаете каде да одите“.

Кардиналот Крајевски и оние кои беа со него го поминаа инцидентот неповредени и продолжија да доставуваат помош. Тој дури ги подели сите Бројаници што ги имаше, а кои беа благословени од Папата. Оние кои ги примија ги ставија околу врат.

Затоа, саботата беше посебна годишнина од неговото епископско ракополагање, рече тој. По овој последен инцидент, кардиналот Крајевски го повтори своето верување дека „можеме само да се молиме и да повториме: „Исусе, се надевам на тебе“.

Ватикан њуз /к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот