Кардиналот Крајевски во Украина го предаде подарокот од Папата

Кардиналот Крајевски во Украина го предаде подарокот од Папата

Кардиналот Крајевски во Украина го донесе амбулантното возило, подарок од Папата. Во Лавов, каде што пристигна во неделата, Папскиот милостинар го предаде возилото благословено од папата Фрањо. Ќе биде наменето за Регионалниот центар за здравствена заштита на мајки и деца.

Знак на близина, поддршка и помош на населението кое поминува низ големи страдања поради војната во Украина. Кардиналот Конрад Крајевски, Папски милостинар, отсекогаш бил „брза помош на милосрдието“ и по желба на папата Фрањо го донесе амбулантното возило во Лавов, опремено со сета медицинска опрема, возејќи по пат долг околу 2.000 километри. Украинските власти, кои примија 250.000 бегалци од воените зони во последните недели, го прифатија подарокот од Папата.

Чест ми е да го предадам во името на Светиот Отец овој посебен подарок, амбулантно возило кое е симбол, бидејќи се користи за спасување животи. Папата секогаш гради мостови, носи мир, така што ова возило е токму за луѓето кои страдаат, но ја претставува и прегратката на Светиот Отец. На тој начин ви вели: „Со вас сум, со вас страдам, ве барам и искрено се молам за мир за оваа земја која е во големи тешкотии“. Веќе му го предадов возилото на префектот на Лавов и тој ми се заблагодари, му се заблагодари на Светиот Отец и рече дека возилото е наменето за педијатриска болница токму за спасување на децата кои доаѓаат од војната.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот