Кардиналот Балдизери за бракот и семејството

Постојано е вниманието на Црквата кон бракот и семејството, истакна кардиналот Лоренцо Балдизери, главен секретар на Епископската синода,

за време на претставувањето на книгата со наслов: „Личност и брак: тајна, размислување и живот“.

Кардиналот ја искористи таа прилика за да истакне дека канонското право досега повеќе се занимаваше со бракот, а помалку со семејството.

Во минатото многу се истакнуваше улогата на бракот, која е навистина темелна; но сега сакаме да го истакнеме семејството, рече во разговор за Радио Ватикан, кардиналот Балдизери. Семејството не е само брачен пар. Бракот го склопуваат две личности кои се соединуваат, со намера да создадат семејство. Но, семејството, потоа, се обликува најмногу по доаѓањето на децата. Тогаш тоа станува многу поширока стварност; затоа и на правното подрачје потребно е да се направи чекор понапред, објасни кардиналот.

Осврнувајќи се потоа на патот кон наредната синода, кардиналот кажа дека се наоѓаме во момент меѓу две синоди, момент кој е важен за размислување за разни работи, а посебно за оние најчувствителните кои се појавија во „Релацио Синоди“,односно во документот под број три од вонредната Епископска синода посветена на семејството. Што се однесува, пак, до прашалникот кој беше пратен до сите епископи во светот, кардиналот Балдизери повторно го истакна „Релацио Синоди“ како основен документ, за кој се побарани мислења од епископските конференции, од Божјиот народ во целиот свет. Станува збор за тоа да видиме што денес предлага народот, членовите на целата Црква; што можат да понудат за да можат учесниците на Синодата да имаат повеќе елементи за изнаоѓање на пасторални насоки кои одговараат, истакна кардиналот Балдизери.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот