Кардинали, рабин и муслимански претставник ќе го придружуваат папата Фрањо на патувањето низ Блискиот Исток

Четири кардинали од куријата, но и рабин и муслимански верски службеник ќе бидат дел од службената придружба на папата фрањо за време на неговата престојна посета во Светата Земја. Папата ќе го придружува државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, како и други тројца вршители на ватиканските државни служби, соопшти во четврток, 15 мај, ватиканскиот гласноговорник о. Федерико Ломбарди.

Ќе го придружуваат италијанско-аргентинскиот кардинал Леонардо Сандри од Конгрегацијата за Источни Цркви, потоа французинот, кардинал Жан Луиз Туран од Папскиот совет за меѓурелисгиски дијалог, како и швајцарецот Курт Кох, претстеадтел на Папскиот совет за единство на христијаните и комисијата за одоноси со јудеизмот.

Абрахам Скорка и Омар Абоуд се првите нехристијани кои за прв пат во ваков облик ќе го придружуваат Папа на патување во странство, истакна Ломбарди. И двајцата Светиот Отец ги познава од времето додека беше архиепископ во Буенос Аирес, каде што со години со нив дијалогизираше.

Ломбарди исто така објави податоци за превозот на Папата низ Светата Земја. Ќе се користи отворен папамобил, но само два пати. На стадионот во Аман, пред и после Мисата ќе се вози во џип.

Понатаму таков папамобил ќе се користи во Витлееем, возејќи се од седиштето на регионалните власти до претседателот Абас и до базиликата на Христовото раѓање, каде на плоштадот ќе слави свечена света Литургија. Инаку Папата ќе користи обичен неблендиран автомобил.

ИКА/КТА/К.мк (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот