Караванот Католици.мк се претстави пред верниците во Петралинци

Караванот Католици.мк во понеделник 11 април 2016 година го продолжи своето претставување пред верниците на парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци.

Средбата започна со кратка молитва и поздрав на парохот о. Горге Појразов, а потоа о. Гоце Костов навраќајки се на почетоците на Католици.мк истакна дека интернет страницата е родена токму во таа парохија пред нешто повеќе од три годиниза време на неговото служење во оваа парохија.

Отец д-р Зоран И. Стојанов зборувајќи за Светлина – христијанско списание ја истакна важноста на овие медиуми за Црквата во Македонија, при што нагласи дека сѐ она што се објавува во нив поминува низ три сита: да е добро, корисно и вистинито.

Во продолжение на средбата се зборуваше за „Клубот Пријатели на Католици.мк“, а некои од волонтерите го споделија своето волонтерско искуство во Католици.мк.

к.мк.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот