Караванот Католици.мк се претстави во Куманово и Скопје

Во среда 05 мај 2016 година Караванот Католици.мк се претстави пред верниците во Куманово и Скопје. На средбата во Скопје присуствуваше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, кој во своето обраќање ја истакна важната улога на сите католички медиуми во Македонија, нагласувајќи дека заедништвото и нивната меѓусебната соработка придонесува за поуспешно навестување на Евангелието преку дигиталните средствата за комуникација.4407_1

На средбата беше претставена работата на порталот Католици.мк, Светлина – христијанско списание и Радио Ватикан – македонска програма, како и платформата Пријатели на Католици.мк.

Караванот Католици.мк своето претставување пред верниците во Апостолскиот егзархат го започна на 2 април во парохиската Црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица, а од месец мај продолжува да се претставува во парохиите од Скопска  бискупија

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот