Караванот Католици.мк се претстави во Струмичката катедрала

Караванот Католици.мк во недела 17 април 2016 година во попладневните часови се претстави пред верниците во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Средбата започна со кратка молитва и вовед од парохот, о. протојереј ставрофор Георги Трајков.

Во понатамошниот тек о. Гоце Костов ја престави работата на интернет порталот Католици.мк. Своето излагање најпрво го започна образложувајќи ја потребата денес Црквата да биде присутна на интернет и социјалните мрежи, а продолжи со почетоците, како и развојните планови на Католици.мк.

Отец д-р Зоран И. Стојанов се осврна за 21 годишната работа на христијанското списание „Светлина“ истакнувајќи ги постулатите со кои се раководи списанието.

Иницијативата „Пријатели на Католици.мк“ ја претстави о. Ванчо Назов, а во име на волонтерите зборуваше м-р Данче Ичева.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот