Како црната чума ја промени молитвата “Радувај се Маријо”

Како црната чума ја промени молитвата “Радувај се Маријо”

Во молитвата Радувај се Маријо, христијаните за време на пандемијата од црната чума додаделе „моли се за нас грешниците, сега и во смртниот ни час“.

Молитвата „Радувај се Маријо“ кја христијаните со векови ја молеле се состои од два главни дела. Првиот е произлезен од Навестувањето, кога ангелот Гавриил ја поздравил Марија со зборивите: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!” (Лука 1,28). Следниот дел од молитвата се земен од посетата, кога Елисавета ја поздравила Марија со зборовите: „Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба! (Лука 1,42).

На почетокот молитвата била позната како „Поздрав до Дева Марија“, а се состоела од само два споени стиха. Меѓутоа за време на цркната чума (позната и како „Црна смрт“) молитвата се развила понатаму и е додаден и уште еден дел, пишува Aleteia.

Постои сокриена молитва до последниот дел од молитвата „Радувај се Маријо“

Вторио дел (Света Маријо, Богородица, моли се за нас грешниците сега и во смртниот ни час.“) многумина сметаат дека е додадена за време на пандемијата од чума, барајќи од Пресвета Богородица заштита од смртоносната болест.

Слугата Божји Фултон Ј. Шин го објаснува ова потекло во својата книга “Првата љубов на светот“.

Затоа што се андоврзуваат два одлучувачки моменти од животот “сега“ и “во смртниони час“, тоа упатува на спонтан повик на луѓето кога ќе се најдат во некоја голема опасност. Црната смрт, која ја опустоши Европа и уништи една третина од нејзината популација, ги поттикнало верниците да ја повикаат Пресвета Богордица како би ги заштитила во времето кога сегашиотмомент и моментот на смрт биле скоро едно.

Експертот за Маријански побожности, отец Доналд Х. Каловеј го потврдува овој заклучок во својата книга “Почетоци на Бројаницата“ во која се обајснува дека „после црната смрт втората половина од ‘Радувај се Маријо’ започнала да се појавува во часословите на монашките заедици, посебно кај мерцедаријанците, камалодијаните и фрањевците….. На народот во 14 век имал потреба од “исполнителна надеж“ која што ја дава вториот дел од молитвата ‘Радувај се Маријо’.

Молитвата во тој тежок период за Европа добила различи облици, но официјално е призната после обајвувањето на Катехизмот од Тридентинскиот собор, а целосната молитва потоа е ставена и во римскиот часослов од 1568 година.

Христијаните во големите страдања секогаш се обраќале на Бог и светците кои му се најблиски, со надеж дека на својот народ ќе донесат олеснување.

Алатеиа/ к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот