Како се ослободив од лутината и станав смирена мајка

Како се ослободив од лутината и станав смирена мајка

Размислувате каква мајка еден ден ќе бидете? Гледате жена полна со трпение, сочувство и љубов?

Што кога ќе се соочуваме со реалноста и како да успееме да ги исполниме своите соништа ќе слушнеме преку искрените зборови на мајка која го пронашла својот пат до елта.

Дали мајчинството е навистина лесна задача?

Пред да станам мајка, сонував каков родител би била или на кој карактеристичен тип на мајка ќе припаѓам. Тоа беше волшебен сон за совршени деца, каде мајчинството беше многу лесна задача. Се уверив самата себе дека со мојата сила ќе бидам способна да останам прибрана во секоја ситуација. Не требаше да го користам моето трпение, но доколку требаше, тоа беше обновлив извор што секогаш може да се надополни.

Кога за прв пат станав мајка, почувствував дека сите обврски ги решавам лесно и природно. Тоа беше како да го доживувам сонот кој го замислував. Мајчинство беше лесно како ветре.

Можете да замислите колку бев изненадена откако поминаа четири години и кога се покажа дека мојот син е како секое друго дете.

Реалноста е поинаква

Тоа се случуваше некаде помеѓу двете плачења во продавница и трите во паркот. Тоа се случуваше понекогаш меѓу петтиот и петнаесеттиот пат кога ќе му кажев да ги облече чевлите. Понекогаш помеѓу шестиот пат откако ќе го замолев да престане да вика во ресторанот и десеттиот поглед на строгите родители наоколу. Некогаш помеѓу единаесетиот и дваесет и петтот пат кога љубезно ќе го замолев да престане да трча по дома. Понекогаш помеѓу вообичаените пет минути тишина кои ги барав и триесете минути за да ја завршам задачата сред врескање и гласни инструменти. Во тоа време, ја губев својата трпеливост.

Тоа не ми беше намерата, но пред да се снајдам, лутината и фрустрацијата го заменија смиреното однесување.

Фрустрацијата лесно исплива на површина

Мојот нежен певлив глас го замени глас со кој ни јас не сакав да разговарам. Во тие моменти бев целосна спротивност на она што одредив дека ќе бидам. Јас бев мајка за која тврдев дека никогаш нема да бидам. Во мене вриеја фрустрацијата и внатрешните превирања. Ме преплавија вознемиреност и вина, но вистината (мојата вистина) започна да се открива.

Се откриваше во моменти кога станував некој што не сакав да бидам и тогаш сфатив колку “човечко” има во мене – мојата природна наклонетост кон фрустрацијата ја надвладеа мојата неприродна вештина на смиреност за време на хаотични моменти.

Трпението е вежба

Си зборував дека сум супер-жена, a јас всушност бев обична жена која го дава најдоброто од себе во предизвиците пред кои се наоѓа. Потоа сфатив дека трпението е скриена сила, затоа што претставува борба против она што чувствуваме дека ни е во природата. Тогаш сфатив дека трпеливоста е вежба која морам постојано да ја повторувам, особено кога мојата прва реакција не е смиреност. Тогаш сфатив дека мојата трпеливост зависи исклучиво од мене не од другите и исто како што и моето дете ги совладува вештините, ова беше предизвикот што требаше да го совладам или да дозволам тој да ме совлада мене.

Ова се случуваше во моменти кога ќе оставев простор помеѓу мојата реакција и одговорот. Понекогаш помеѓу размислувањата за она што Љубовта би направила и постапувањата според неа. Понекогаш помеѓу пет и десет длабоки вдишувања. Понекогаш помеѓу обидите да се зближам, а не да ги корегирам други. Некогаш помеѓу стишувањето на гласот со кој се обраќам и подобрување на јасноста на тоа што го велам. Понекогаш помеѓу тоа да се ставам во кожата на детето и да ги гледам работите од перспектива на четиригодишно дете. Понекогаш помеѓу првата и петтата прегратка. Понекогаш, загледувајќи се во неговите очи и во пронаоѓањето на неговата прекрасна слатка душа. Понекогаш, гледајќи ја пошироката перспектива и признавањето на неговата вистинска природа.

Токму таму. Тука го најдов мојот мир. Тука ја најдов мајчинската сила.

Brianna Mobilian/к.мк/Кате М.

Категорија: Вера, Семејство

За авторот