Каков христијанин си?

Постојат христијани кои луѓето ги одделуваат од Исус бидејќи мислат само на сопствениот однос со Бог или се световни или пак се ригористи. Од друга страна постојат вистински христијани кои го слушат крикот на оние кои го бараат Бог, рече папата на Фрањо на Литургијата на 28 мај во домот Света Марта.

Папата се осврна на делот од Евангелието за слепиот Вартимеј, кој викал по Исус за да го излекува, а собраните го замолчувале. Во тој настан Светиот Отец гледа три групи на христијани. На прво место се оние кои се грижеле само за сопствениот однос со Исус кој според зборовите на Папата е затворен и егоистичен и затоа не го слушат крикот на ближниот.

„Таа група ниту денес не го слуша повикот на многумина на кои им е потребен Исус. Тoа е група рамнодушни: не слушаат и задоволни се во својата група; глуви се за повикот на мноштвото на кое му е потребно спасение; помош од Исус и Црквата. Станува збор за егоисти кои живеат сами за себе и не можат да го слушнат Исусовиот глас“, рече Папата.

Потоа постојат оние кои го слушат крикот на народот, но сакат да го замолчат како учениците кога забранувале кај Исус да ги носат децата. Според нивнот сфаќање рече папата Фрањо, Учителот бил само за нив, а не за сите луѓе. Ова втора група од Исус ги одделуваат луѓето кои молат за помош, на кои им е потребна вера и спасение. Во таа група се „шпекулантите“ кои му се блиски на Исус.

Папата ги спореди со луѓето во храмот кои се правеле побожни, но Исус ги истерал, бидејќи во Божјиот дом единствено мислеле за своите работи. „Таквите луѓе не сакат да го слушнат повикот за помош, туку го злоупотребуваат народот и Црквата поради сопствена придобивка. Во таа група се недоследните христијани“, рече Папата.

Тие се христијани само на име, салонски христијани како што ги нарече Светиот Отец кои живеат световно, а не христијански. Оној кој се нарекува христијанин, а живее монденски од Исус ги одделува луѓето кои го повикуваат за помош.

„Понатаму, постојат и ригористи кои што Исус ги опоменува на грбот на луѓето да не товарат тешки бремиња и ги нарекува лицемери, кои го искористуваат народот. Наместо да одговорат на крикот за спасение, тие од Исус го одделуваат народот“, рече Папата.

„На крајот, постои и трета група на христијани: тие кои помогаат за приближување до Исус. Тие се доследни во својата вера и живот и им помагаат на другите да се приближат до Христос: им помагаат на луѓето кои викаат, бараат спасение, молат за милост и духовно лекување. Би било добро да направиме испит на совеста за да видиме дали сме христијани кои народот го одделува или приближува до Исус; да можеме да го слушнеме крикот на толку луѓе кои бараат помош за своето спасение“, заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот