Какви ти се очите, таков си

Седејќи или клечејќи сврти го погледот на Бог. Остани долго така концентриран на Бог додека не почувствуваш дека тоа те чисти. Потоа со таков чист поглед оди од еден до друг човек кој што го познаваш и во секого гледај ја само светлината и добрината.

Сите негативни искуства од нив отфрли ги како и маската и види го она дете, невино, Божјо, чисто. Препознај го во секој својот брат кој вика за твојата љубов, кој те моли да не го осудуваш. Биди одлучен и не давај сенката на злите мисли да влезе во тебе додека во имагинација ги гледаш луѓето. На крајот заблагодари му се на Исус за новите очи.

Ако окото ти е здраво и целото твое тело ќе биде светло – говореше Исус. Ако пак окото ти е темно, каква само темнина ќе биде во тебе? Доброто и злото се измешани. Никој не е потполно зол и никој не е потполно добар. Ако го гледаш само злото во човекот и самиот стануваш зол, влегуваш во просторот на злото и другите ги судиш и осудуваш. Ако пак ја гледаш добрата страна во луѓето самиот стануваш добар, оптимист и во другите го поттикнуваш развојот на добрината.

Бог е само добар. Во Него нема ниту сенка на злото. Он го создал човекот добар. Он и после гревот повоотрно го „создал“ чист. Злото е зло, ги заведува луѓето, ги лаже, ги измамува и ги насочува едни против други. Затоа тој е индиректен убиец на луѓето. Сака само зло, лага, измама, смрт. Кој човек гледа негативно тој гледа со неговите очи. Злото е како темнина. Добрината е светлина. Темнината се истерува само кога внесуваме светлина. Сакаме ли да го поправиме човекот, не треба и не смее да се предупредува на злото, туку во него да внесуваме добро. Да ги љубиш непријателите е единствен начин трајно да се ослободиме од неговите опасности.

Кој во човекот не гледа зло, туку добро тој е на Божја страна, има Божјо око. Кој гледа зло, а не добрина, тој е на страната на злото и го има неговиот поглед. Да не судиш и не осудуваш, да гледаш добро – тоа значи да бидеш на Божјата страна и да бидеш силен како Бог – да имаш здрави очи.

Битно.нет/Томислав Иванчиќ/к.мк/Д.И.

За авторот