Љубовта на сестра Еврозија Алоати кон непријателите

Една сестра ќе каже за љубовта на сестра Еврозија кон нејзините непријатели: „Познавам еден нејзин непријател кој постојано ја прогонуваше. Еден ден Турците го фатија и го затворија. Пред тоа го претапале скоро до смрт. Всушност тој беше еден од нашите селани кој добиваше помош од нашата милостива мајка. Штом слушна дека животот му е во опасност, веднаш се упати кај надлежните и со големи молби успеа до го ослободи и го донесе во неговиот дом, за да му ги лекува раните. Еве како таа враќаше добро за зло.“

 Од книгата на о. Јосиф Алоати „Животот на сестра Еврозија Алоати“

к.мк/с.М.С.

Категорија: Македонија, Сведоштва

За авторот