Каде е мојот партнер, Господи?

Секој мечтае да биде целосно предаден на некого, да има длабока духовна поврзаност со друг, да биде љубен целосно и исклучително. Но Бог им вели на христијаните: „Не, додека не си задоволен, исполнет и среќен со тоа Јас да те сакам, целосно и безрезервно да се предадеш на мене, да имаш интензивен и посебен однос само со мене, откривајќи дека само во мене можеш да го пронајдеш своето задоволство; дури тогаш ќе бидеш способен за совршен човечки однос кој сум го испланирал за тебе.

Никогаш нема да бидеш соединет со другиот додека не се соединиш со мене, одвоен од сé и сите, одвоен од секоја желба и копнеж. Јас сакам да престанеш да планираш, да престанеш да поскауваш, а да ми дозволиш да ти го предадам највозбудливиот план кој постои, оној кој ти не можеш ниту да го замислиш. Јас сакам ти да го имаш најдоброто. Те молам дозволи ми да ти го дадам тоа. Само продолжи да ме гледаш и очекувај најголеми работи. Продолжи да ги доживуваш и учиш работите кои Јас ти ги говорам…. Само мораш да чекаш. Тое е сé.

Не биди загрижен. Не грижи се. Не гледај наоколу на работите кои другите ги добиле или кои Јас сум им ги дал. Не гледај наоколу на работите кои мислиш дека ги посакуваш. Само продоложи да гледаш за мене и во мене или ќе го пропуштиш она што сакам да ти го покажам. И потоа кога ќе бидеш подготвен, ќе те изненадам со љубовта многу поубава отколку што си можел да сонуваш. Гледаш, додека ти се подготвуваш и додека оној, кој сум го наменил за тебе, се подготвува, јас во овој момент работам на тоа двајцата да бидете спремни во исто време. Сé додека двајцата не бидете задоволни само со мене и животот кој сум го подготвил за вас, нема да можете да ја искусите Љубовта која е одлика за вашиот  однос со мене и оваа совршена Љубов.

Предраги, јас сакам вие да ја имате оваа прекрасна љубов. Јас сакам вие да ја видете во живо сликата на вашиот однос со мене и конкретно да уживате во вечното единство на убавината, совршенството и Љубовта кои ви ги давам со Себе. Знајте дека ве љубам неизмерно. Јас сум Бог. Верувајте и бидете задоволни.“

Битно нет/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Размислување, Свет

За авторот