И почесниот папа Бенедикт XV ќе се вакцинира

И почесниот папа Бенедикт XV ќе се вакцинира

Личниот секретар на почесниот папа Бенедикт XVI, надбискупот Георг Генсвајн, на 12 јануари изјави дека почесниот папа Бенедикт XVI, како и сите што престојуваат во манастирот Mater Ecclesia, ќе се вакцинираат против Ковид – 19 кога тоа во Ватикан ќе биде можно.

Во телевизиско интервју за Канале 5 во недела на 10 јануари 2021 година, папата Фрањо објави дека се пријавил да се вакцинира оваа недела, „затоа што тоа мора да се направи“, додавајќи дека од етичка гледна точка, сите треба да се вакцинираат, бидејќи во спротивно ги загрозуваме не само нашите, туку и животите на другите.

Раководителот на здравствената служба нa Ватикан, Андреја Аркангели, потврди дека Ватикан нарачал околу 10.000 дози од вакцината Фајзер/Бионтех, што е доволно за потребите на вработените во Светиот Престол, нивните семејства и пензионери.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот