Исусовци му подарија на Папата мошти од маченикот Про

Папата Фрањо во недела 14 февруари се сретна со група мексикански Исусовци во Апостолската нунцијатура во мексиканскиот главен град. Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, патер Федерико Ломбарди изјави дека Светиот Отец после посетата на Педијатриската болница Федерико Гомез кратко разговараше со своите браќа Исусовци. За време на средбата, Исусовците на Папата му подарија моштии од блажениот член од Дружбата Исусова и маченик, Мигуел Про, убиен во 1927 година за време на прогонствата на католиците спроведени од антиклерикалниот режим на Калес.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот