Исусовиот живот – документ кој опишува едно чудо раскажано од еден сведок очевидец

Според Игнацио Перучи, историчар и архивар кој работи во архивите на Ватикан, со задача да анализира и класифицира околу 6 илјади документи неодамна откриени во истата архива, овој документ би можел да биде од исклучителна важност. Станува збор за еден текст од римскиот историчар Марко Велејо Патерколо (Marco Velleio Patercolo) кој го обелоденува првото сведочење на еден очевидец, присутен за време на едно Исусово чудо, кое не е запишано од ниеден евангелист: воскреснувањето на едно бебе мртво родено.

Патерколо е еден римски историчар кој живеел во периодот на царот Тибериј и се претпоставува дека починал околу 31 година после Христос. Само кратко време пред неговата наводна смрт, историчарот се вратил од едно патување на Блискиот Исток, кое го раскажува во овој документ. Но најмногу што му привлече внимание на Перучи е описот на еден настан кој се случил во градот Севастија, денешни палестински териотории на Западен Брег..

Патерколо го опишува доаѓањето на еден лидер во градот заедно со една група ученици и следбеници, а мноштво луѓе од околните места брзаа на тоа место. Името на оној, како што се чита, е Јесус Назаренус (Iesous Nazarenus), грчко – латински превод од еврејското име на Исус, Yeshua haNotzri. Во тестот се чита дека Исус оди да посети една жена по име Елисавета која донела на свет бебе мртво родено. Патерколо, кој присуствувал на таа сцена, вели дека Исус го зеде бебето, кажа една молитва дефинирана како „неразбирлива“ и веднаш го врати во живот бебето. Документот беше подложен на многу испитувања и се претпоставува дека е токму од првиот век после Христос, односно помеѓу 20 и 45 година после Христос.

Накратко, за разлика од евангелијата, оваа би била првата пишана историја за едно чудо на Исус и Неговото вистинско постоење од некој што не е автор на самите евангелија, ниту пак е евреин.

http://www.ilsussidiario.net/З.А.

2311

Категорија: Ватикан

За авторот