Папата ги испрати ватиканските пожарникари за помош во Аматриче

Како конкретен знак за искажување на близина на жртвите од земјотресот во централна Италија, папа Фрањо испрати група од 6 ватикански пожарникари во Аматриче, град кој е најмногу погоден од оваа природна катастрофа.

Според изјавата од Канцеларијата за печат при Светиот Престол, шестмината пожарникари помагаат на италијанските служби за спасување во потрага по преживеаните под урнатините и даваат помош на оние кои се веќе спасени.

Во потрагата по исчезнатите се вклучија и мнбројни луѓе од месното население и доброволци, а во текот на ноќта се користеа како „машини“ и со голи раце ги чистеа уништените куќи за да дојдат до луѓе кои сè уште би можеле да бидат заробени. Потврдено е дека се починати повеќе од 240 луѓе, а тој број би можел уште да расте додека продолжува потрагата по исчезнатите. Италијанскиот премиер Матео Ренци ги посети погодените места и им вети „дека ниту едно семејство, ниту еден град нема да биде напуштено“.

„Над илјада жители останаа без дом. Италијанските служби подигнаа шатори во погодените зони за да ги вдомат луѓето чии куќи се урнати. Бенедиктинците во Нурсија, родното место на свети Бенедикт, исто така се погодени од земјотресот. Иако ниту еден монах не е сериозно повреден, нивната црква и манастир се тешко оштетни. Како мерка за претпазливост одлучија привремено да ја преместат својата заедница во Рим, додека во Нурсија ќе останат двајца монаси кои ќе внимаваат на базиликата и ќе ја следат ситуацијата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот