Исповедта не е човечки суд, туку божествена утешна прегратка

Исповедта не е човечки суд, туку божествена утешна прегратка

На покорничкото славење во римската црква Santa Maria delle Grazie al Trionfale, во петок попладне на 17 март 2023 година се одржа молитвената иницијатива „24 часа за Господ“ предводена од папата Фрањо, при што потсети дека средбата со Бога преку исповедниците е „славење кое го лекува срцето и остава мир внатре“ и предложи испит на совеста за гревови „против животот, лошото сведочење и против созданието“

Папата Фрањо ја предводеше иницијативата „24 часа за Господ“ во петок попладне во црквата „Santa Maria delle Grazie al Trionfale“ во Рим, каде што исто така исповедаше, своевидна годишна традиција за време на Великиот пост. Славењето во локалната римска црква ја нагласува универзалната природа на великопосната иницијатива 24 часа за Господ, која се состои од молитва и исповед.

Оваа молитвена иницијатива е воспоставена од папата Фрањо пред десет години и се одржува во епархиите ширум светот во пресрет на четвртата недела од Великиот пост. Црквите во сите епархии ширум светот се отворени 24 часа на ден. Се охрабруваат верниците да се исповедаат и да се молат во духовно заедништво со папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот