Ирачкиот премиер ги повика христијаните да се вратат

Ирачкиот премиер ги повика христијаните да се вратат

Ирачкиот премиер Мустафа Ал-Каземи ги повика христијаните да се вратат во своите домови откако т.н. Исламска држава е поразена.

Асирската меѓународна новинска агенција извести дека ирачкиот премиер повикал христијаните кои побегнале да се вратат дома.

Асирската меѓународна новинска агенција ги цитираше неговите зборови дека сериозно сака да даде помош на христијанските семејства и да ги реши нивните проблеми. „Ирак“, рекол „била земја за сите и тие христијани се вистински деца на земјата и нема разлики помеѓу сонародниците. Мило ми е што христијаните ќе се вратат во Ирак и ќе придонесат за негова обнова. Ирачаните од сите вери копнеат за нов Ирак, кој верува во мирот и го отфрла насилството.“

Ал-Каземи во неделата на 9 август се сретна со кардиналот Луис Рафаел Сако, халдејскиот католички патријарх кој се надева дека владата на Ирак ќе продолжи да ги исполнува стремежите на народот и ќе му овозможи да се покаже за многу предизвици со кои се среќава во целата земја.“ Кардиналот рече дека многу христијани сакаат да се вратат во Ирак. (…)

Според Фондацијата со папско право „Помош на Црквата во неволја“ неколку ирачки христијани кои побегнале во 2014 година, се вратија, но се соочени со потешкотии, вклучувајќи недосток на безбедност и заплашување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот