Ирачкиот патријарх ги повикува граѓаните на одговорност

Ирачкиот патријарх ги повикува граѓаните на одговорност

Во божиќната порака на халдејскиот патријарх кардиналот Луис Рафаел I Сако ги повикува Ирачаните на отфрлање на разликите, надминување на конфесионалната припадност и зајакнување на националната свест за да се живее божиќната надеж.

Ирачкиот народ мора заеднички да се стреми на градење на правна и цивилна држава чии граѓани ќе живеат во слобода, достоинство, сигурност и еднаквост. Божиќ останува време на надеж кога политичката и јавната работа ги исполнуваат очекувањата на граѓаните, а тоа припаѓа на вистинската национална визија и простор за дијалог во натрупувањето на проблемите и кризите, истакнува кардиналот Сако.

Западот повика да не се порекнува христијанскиот морал и духовност; светот ќе се подигне само ако го слуша Божјиот повик, настојува да ги почитува другите и ќе постигне праведност за мирот, сигурноста и љубовта да владеат во целиот свет наместо економските и политичките интереси, порача кардинал Сако.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот