Ирак: Христијаните и муслиманите се молат заедно за мир

Христијаните, муслиманите, сабеите и јазитите заедно се молеа против насилството и тероризмот. Меѓурелигиската церемонија се одржува на 30 мај вечерта во црквата „Пресвета Богородица на Светата Бројаница“ во Багдад и со неа се одбележа крајот на месец мај, кој традиционално е посветен на Марија.

Иницијативата е на Калдејскиот патријархат во Ирак, а според Калдејскиот патријарх Луис Рафаел Сако за мирот се потребни не само воени решенија, туку и молитви. „Искрената молитва пред Господа нѐ менува внатрешно и ни дава мир и визија да работиме заедно за доброто на земјата и за еден подобар свет“, објаснува патријархот Сако.

Текстот на заедничката молитва е подготвуван долго и детално, за да биде од помош и утеха на сите, истакнуваат организаторите. „Изборот на денот е диктиран од завршувањето на месецот на Марија и претстојниот свет месец за пост на муслиманите“, вели монс. Сако. Токму поради тоа, во црквата ќе присуствуваат и верските водачи на сунитите и на шиитите“. Покрај верските водачи на молитвената средба ќе присуствуваат и дипломатски претставници. Надежта на патријархот Сако е дека „молитвата исто така може да доведе до позитивни политички и граѓански разултати“.

„Сите сме уморни по дванаесет години војна и конфликти, бегалци, убиени и сирачиња. Каде оди светот? Треба да ги отвориме очите за помирување и почитуваме на другиот, бидејќи сме една заедница и сите сме граѓани на една држава. Зошто треба да си го правиме ова зло? Тоа е против Божјата волја… Религијата има една мисија која е во корист на човекот“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот