Интервју на Папата: Денес ропството е реалност, како и искористувањето на луѓето

За време на летот од Стразбург до Рим, по враќањето од посетата на Европскиот парламент и Советот на Европа, 25 ноември 2014 година, во авионот е одржана конференција за печат, на која Папата одговараше на новинарски прашања.

Првото прашање го постави француски новинар, кој констаирајќи дека Папата во Европскиот парламент одржа говор со пасторален призвук, но и дека користел зборови кои можат да се доживеат како политички и кои се приклонуваат на социјалдемократските чувства, го праша Светиот Отец дали за него може да се каже дека е „социјалдемократски“ Папа.

Во својот одговор Папата рече дека не се определил ниту за едната, ниту за другата опција. Се осудувам да кажам дека тоа произлегува од Евангелието: тоа е евангелска порака, преземена од социјалната наука на Црквата. Во сите социјални и политички прашања за кои зборував не се одвојував од социјалната наука на Црквата. Социјалната наука на Црквата доаѓа од Евангелието и христијанската традиција, одговори Светиот Отец.

Потоа Папата на одговарајќи на прашање од италијански новинар го повтори својот повик за отворањето кон вистината, градејќи општо добор, треба да се довери и на младите политичари. Во разговорите со млади политичари, најмногу водени во Ватикан, од разни партии и држави, видов дека зборуваат со поинаков глас, со глас кој тежнее кон трансверзалноста, а тоа е голема вредност! – истакна Папата и додаде – Не плашете се да излезете од сопствениата припадност, не негирајќи ја, туку излезете за да водите дијалог со другите. Мислам дека треба да го користиме и да го истакнуваме исто така и дијалогот меѓу генерациите – нагласи Светиот Отец.

Потоа стана збор за мирот кој – како што рече Папата во Стразбург – „пречесто е повреден“. На новинарско прашање дали е возможен дијалог со самонаречената Исламска држава, папата Фрањо рече дека ниту една работа никогаш не треба да се смета загубена. Можеби не е возможен дијалог, но никогаш не треба да се затвори вратата. Тешко е, може да се каже „скоро невозможно“, но вратата секогаш се отворени – напомена Папата и поттикна на размислување за тоа како да се одговори на тероризмот.

Секоја држава има чувство дека има право да ги уништи терористите, а покрај нив гинат и многу невини – рече Светиот ОТец и истакна дека зборот за анархија е на високо ниво, кој е многу опасен. Против тероризмот треба да се бори, но го повторувам она што го кажав на претходното патување: кога треба да се запре неправедниот агресор, тоа треба да се прави во согласност со меѓународната заедница – истакна Папата.

Мирот денеска се крши и со трговијата на луѓе; станува збор за ново ропство, за што папата Фрањо повеќе пати збороува. Ропството е реалност вткаена во денешното општествено ткиво и тоа одамна! – истакна Папата. Тој напомна дека ропската работа и трговијата со луѓе, а посебно со деца е голема драма. Да не ги затвораме очите пред ова. Ропството денес е реалност, исто како и искористувањето на луѓето – рече Светиот Отец

Одговарајќи на прашања за следните обврски, меѓу кои дали ќе ја посети Франција, Папата рече дека нема уште направено план, но секако дека сака да го посети Париз. Предложен е Лурд – рече Папата и додаде дека сака да посети некој град кој никогаш не бил посетен од некој Папа.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот