Именувања, разрешувања и преместувања во Струмичко – скопската епархија

Именувања, разрешувања и преместувања во Струмичко – скопската епархија

Врз основа на декрет на Н.В.П. монс. Киро Стојанов ги објавуваме разрешувањата именувањата и преместувањата во Струмичко – скопската епархија Успение на Пресвета Богородица, кои се со важност од 1 септември 2022 година.

Протојереј ставрофор отец Ѓорги Трајков е разрешен од должноста Катедрален парох при парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица и по исполнетата канонска возраст е пензиониран.

Протојереј ставрофор отец Спасо Ристов е разрешен од парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала и е именуван за Катедрален парох во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.

Протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов е разрешен од парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово и е именуван за Ректор на Светилиштата „Марија Утешителка – Паљурска“ и „Свети Павле“ во Паљурци.

Протојереј отец Димитар Ташев е разрешен од парохијата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија и е именуван за парох во парохијата „Свети Никола Чудотворец“ во Секирник.

Отец Ѓорги Динов е разрешен од парохијата „Свети Никола Чудотворец“ во Секирник и е именуван за парох во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала.

Отец Ристо Самарџиски е разрешен од капеланската служба во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица и е именуван за парох во парохијата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија.

Отец Илија Стојанов е разрешен од капеланската служба во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово и е именуван за парох при истоимената парохија.

Отец Трајче Ташев е разрешен од капеланската служба во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово и е именуван за парохиски викар во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.

Отец Атанас Сирачев е разрешен од капеланската служба во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица и е именуван за парохиски викар во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот