Илјадници луѓе секој ден му пишуваат на Папата

Во Ватикан секоја седмица стигнуват илјадници писма, пакети, цртежи и предмети, адресирани до Папата. Пошта доаѓа од целиот свет, и истата е обработена од Канцеларијата за кореспонденција на Папата, сместена во Апостолската палата. Управител на таа канцеларија е монс. Џулиано Галорини, кој во разговорот за информативниот неделник на Ватиканскиот телевизиски центар “Vatican Magazine” зборува за секојдневната работа во канцеларијата, па и за желбите и надежта на луѓето кои пишуваат писма до Светиот Отец.

Луѓето му пишуват на Папата за животот кој стигнал до раскрсница, барат совет како понатаму, му ги доверуват личните желби и тешкотии; му пишуват песни. Или шал, исплетен токму за Папата и испратен на адресата која денес сите ја знаат, како да тоа е адреса на првиот сосед: Дом на Света Марта, Град Ватикан. Зашто, денес многумина така го чувствуват папата Фрањо, многу близок. И поради тоа му пишуват илјадници луѓе од сите страни на светот, рече монс. Галорини.

Најмногу се бара утеха и молитва, луѓето барат молитва за децата, а пишуват и за економските проблеми – напоменува монс. Галорини, и додава дека се прави сè за да тие луѓе ја почувствуваат близината на Папата кој ги разбира нивните тешкотии, патења, и кој им е близу во молитвата. Освен тоа, нивните барања, колку што е можно, ги препраќаме на конкретни канцеларии, на пример, барањата за економска помош се испраќат на епископските Каритаси, за да го проверат тоа, но и директно да бидат делотворни – истакна управителот на Канцеларијата за кореспонденција на Папата.

Монс. Галорини, чесната сестра Ана и две госпоѓи – е малата екипа во однос на планината писма, напишани на повеќе десетици јазици. Токму поделбата по јазици е првиот чекор во нивната секојдневна работа. Писмата потоа се отвораат и читаат. Папата Фрањо никогаш сам не би успеал да одговори на сите писма, поради тоа задача на оваа канцеларија е да му помогне во групирањето на барањата на оние кои само сакаат да го поздрават Папата, од тие кои во папата Фрањо барат утеха, духовна потпора, испружена рака за итна потреба. Таквите писма доаѓаат на неговото работно биро. Станува збор – објаснува монс. Галорини – за чуствителни случаи, како што се тие за прашањата на совеста. Во тие случаеви се прави белешка и се испараќа на секретарите, за Папата лично да ги прегледа. Папата ги чита, им става знак и нè упатува како да им одговриме – додава управителот на Канцеларијата.

Папата Фрањо не може да одговори не секое писмо, но сите упатени писма кон папата Фрањо добиват одговор. Но само благодарноста во негово име за примениот дар, или срдечен поздрав, е работа која бара посебена складност со неговиот стил. Тие писма, секако треба повеќе да се читат со срце, отколку со разум, рече монс. Галорини – треба да се учествува во болката и да се пронајде соодветен збор за да се изрази она што Папата навистина сака да го изрази: близината, сочуството… Одговорот навистина треба да биде во стилот на делувањето. Впрочем, Папата секогаш зборува дека пастирот мора да живее со стадото. Мора да го почувствува и да го живее со нив нивното искуство – истакна на крајот управителот на Канцеларијата за кореспондеција на Папата.

РВ/и.п.

Категорија: Македонија

За авторот