Излет на младите од скопската парохија на Попова Шапка

Во сабота, 9 јануари 2015 година, девет млади од парохијата ,,Пресвето Срце Исусово” од Скопје заедно со парохот дон Давор Топиќ и капеланот дон Јошт Мезег беа на еднодневен излет во познатиот ски центар ,,Попова Шапка” на Шар Планина. За време на престојот на Шар Планина младите се забавуваа во снежните убавини, а потоа опуштено уживаа во планинскиот чај и разговор.

Младите од скопската парохија, кои секоја среда редовно се состануваат на средбите во парохијата, преку овие излети и дружења можат многу повеќе да го продлабочат своето дружење, а со тоа и повеќе да се запознаат едни со други. Исто така, излетите во природа се добра прилика да се излезе од секојдневниот градски живот и да се заблагодари на Господ за природните убавини.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот