Излезе од печат книгата „Божји заповеди – Пат до нашето спасение“

На 10 февруари 2014 година, по завршувањето на Духовната обнова во Петралинци беше преставена книгата „Божји заповеди – Пат до нашето спасение“ од о. Јулијан Катриј, а преводот од украински е на о. Марјан Ристов.

Во книгата се обработени Десетте Божји заповеди, на еден едноставен и разбирлив јазик, во која секој човек со добра волја ќе може да се пронајде самиот себе. Книгата е патоводилка низ животот на нашиот пат до вечно спасение. Преку читањето на оваа книга можеме да научиме како да го сакаме Бога и ближниот, нашата Црква и нашиот народ.

Преводот на книгата е плод на повеќегодишна трпелива работа на о. Марјан Ристов, кој во „Душогрижник“, печатен информатор за душогрижништвото во Скопје, со години наназад објавуваше делови од оваа книга. Сега сето тоа е преточено во книгата која деновиве излезе од печат.

Книгата може да се набави во црквите на Апостослкиот егзархат и Скопска бискупија.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот