Извештај за слободата на вероисповед: Христијаните најпрогонувани

На 3 ноември 2014 година во Франција е објавен е извештајот за верската слобода во светот, изработен од Фондацијата Помош на Црквата во неволја. Во документот јасно се тврди дека се влошени условите за врска слобода, особено христијаните во светот кои се и понатаму најпрогонувано верско малцинство.

Во осумдесет и една држава во светот верската слобода се попречува – истакнато е во извештајот на Фондацијата, кој говори за „верската слобода во повлекување“. Се смета дека во дваесет држави не постои слобода на исповедување на верата, а четиринаесет се со муслиманско мнозинство. Според документот, христијаните се најпрогонувано верско малцинство. Извештајот говори загрижено за настојувањата на Западот верската слобода да се ограничи на приватниот живот. Во пораст се случаите на антисемитизам, како и прогоните на муслиманите од самите муслимани.

Осврнувајќи се на објавениот извештај во разговор за Радио Ватикан, Марта Петросило, портпаролка на италијанскиот огранок на Фондацијата, рече дека веќе неколку години се бележи постепено слабеење на верската слобода, повеќе-помалку во целиот свет и тоа во различни облици: од крваво противверско насилство до тешки дискриминации. Она што пак општо се забележува е зголемувањето на верската неподносливост и опаѓање на плурализмот, исто така и на Стариот Континент – истакна Петросило.

Христијаните се често угнетувано малцинство: во многу земји – особено на Блискиот Исток, каде живеат од памтивек – денес се жртва на исламскиот фундаментализам. Во Европа се забележани антисемитски и антимуслимански сцени, кои се често поврзани со израелско – палестинскиот судир. Одговорноста да се промени тоа негативно тежнеење, во прв ред е на верските заедници и нивните достоинственици. Затоа во документот се повикани сите достоинственици одлучно да го осудат насилството во име на религијата – заклучи Петросило.

РВ/С.С.

Категорија: Свет

За авторот