Зошто сатаната го мрази човечкото тело и бракот

Зошто сатаната го мрази човечкото тело и бракот

Дон Дамир Стојиќ, познат свештеник, кој пасторално делува меѓу студентите во Загреб и често пати е цитиран на Фејсбук страниците и разни портали, во една прилика објасни зошто Сатаната го мрази човекот и човечкото тело.

„Во филмот „Пасија„ Мел Гибсон одлично го прикажува ликот на сатаната, која го напаѓа Исус. Тешко е да се прикаже сатаната, бидејќи нема тело. Ние го замислуваме со опашка, со рогови, но не знаеме како изгледа, бидејќи нема тело. Сатаната е духовно битие. Мел Гибсон во филмот го прикажува теолошки многу добро – како маж со женски глас, односно женско со машки глас. Ако нешто сатаната мрази, тогаш тоа е човечкото тело.

Зошто? Затоа што го нема. Исто така и машкоста и женственоста, односот меѓу мажот и жената, Сатаната знае дека од тој однос доаѓа нов живот, тоа е иконата на Пресветата Троица. Сатаната ја мрази Пресветата Троица. Затоа што на Пресвата Троица не и може ништо, Бог е Бог, затоа удара на знакот на Пресватата Троица, а тоа е бракот. Затоа ова не е ништо друго, туку ѓаволски план да се уништи бракот, да се уништа различноста меѓу мажот и жената, поточно да се уништи животот. Затоа што сатаната го мрази животот. Ова е многу важно. Ова прашање е суштесвено за нашата човечка егзистенција.

Меѓугорје инфо

Категорија: Вера, Семејство

За авторот