Зошто Бог дозволува искушенија

Времето на Великиот пост нѐ потсетува на четириесетдневниот престој на Исус во пустината. Тоа е подготовка за неговото јавно делување, кое достигнува кулминација на крстот и славното воскресение.

Во таа априлика сатаната прв пат се вплеткува во животот на Исус, и тоа отворено. Го става нашиот Господ на искушение; можеби сакаше да провери дали е дојдено времето на Месијата. Како што вели свети Иван Златоуст: Исус тоа му го дозволи за да ни даде пример на понизност и да нѐ научи како да ги совладуваме искушенијата, кои ќе нѐ следат низ целиот живот: „Затоа што Господ правеше сѐ за да нѐ поучи, благоволи да биде однесен во пустината и таму да влезе во битка со ѓаволот. Тоа го направи за да не се вознемируваат крстените, ако после крштението доживуваат поголеми искушенија, нека не мислат дека не би требало да ги очекуваат“. Ако не сме подготвени да се соочиме со искушенијата кои мора да ги поднесуваме, ќе отвориме врата на големите непријатели: ослабнат дух и тага.

Со својот пример Исус сакаше да ни покаже дека никој не смее да смета дека е поштеден од било какво искушение.

Како што нѐ потсетува тоа Евангелие, Господ со своето однесување ни покажува како се победува искушението и како се добива корист од него. Тој „дозволува искушение и се користи со него за де те очисти, да те направи свет, подобро да те одвои од земските работи, да те одведе таму каде што тој сака, да те направи среќен (во живот кој можеби нема да биде лесен); да ти додели зрелост, разбирање и делотворност во твојата апостолска работа со душите… и пред сѐ да те направи понизен, многу понизен“.

Господ е со нас во секое искушение и ни вели: „Бидете храбри – јас го победив светот.“ Се надеваме на него, бидејќи сме свесни дека сами можеме да постигнеме многу малку: „Сѐ можам во Оноој кој ме крепи!“ „Господ ми е светлина и спасение, од кого да се плашам?“

За победа на секое искушение секогаш да сметаме на Божјата милост.

Битно нет/го*ко

За авторот