Зошто Бог дозволува децата да страдаат?

Зошто Бог дозволува децата да страдаат?

Зошто Бог дозволува децата да страдаат? Како децата можат да го променат светот? Како да го надминат стравот од растењето? – се прашања на кои папата Фрањо одговараше за време на средбата со околу 6000 деца и млади.

Зошто Бог дозволува децата да страдаат? Како децата можат да го променат светот? Како да го надминат стравот од растењето? – се прашања на кои папата Фрањо одговараше за време на средбата со околу 6000 деца и млади, кои учествуваат на образовните иницијативи „I Cavalieri“ („Витези“) и „Graal“. Станува збор за католички проекти во италијански основни училишта.

Првото прашање на Папата го постави момче од Бугарија, кое завршило во сиропиталиште и кое го посвоило семејство од Италија кога имало пет години. Во меѓувреме починала неговата нова мајка, а неодамна исто така и дедото и бабата. Момчето праша: Зошто Бог дозволува децата да страдаат? Светиот Отец призна дека и тој самиот си го поставува истото прашање кога ги посетува децата во болница. Господ не ми одговара, но кога ќе го упатам својот поглед на распетието и се сетам како Бог дозволил неговиот сопствен Син да страда, знам дека мора да постои смисла. Не можам да ти ја објаснам таа причина, но можеш да ја пронајдеш сам: дали во овој или во оној живот. Не можам да објаснам зошто децата страдаат – рече Папата– а ако некој ти каже дека може, биди исклучително скептичен. Но, иако не гледа рационално објаснување зошто децата страдаат, Папата потсети дека Божјата љубов секогаш е тука и дека нашите ближни можат да ни помогнат да ја почувствуваме Неговата љубов во нашиот живот.

Светот се менува со отворање на срцата, слушајќи ги другите, примајќи ги, делејќи ги работите со другите – одговори папата Фрањо на прашањето за тоа како децата воопшто можат да го променат светот. Ако постои некој во училиште кој не ти се допаѓа, затоа што не ти е симпатичен, тогаш пристапи му и кажи: „Имам два колача, дали сакаш да ги поделиме?“ На тој начин светот започнува да се менува на подобро – рече Светиот Отец. Свесен е дека на некои им е помило да ги задржат колачите само за себе, но важно е да не се прави зло, ниту да се враќа на злото со зло. Нашиот Отец Кој е на небесата исто така го дава сонцето негово да излегува и над лошите и над добрите. Предупреди дека не постои магично стапче, но секојдневните мали гестови и великодушноста можат да придонесат многу за доброто. А кога ќе се најдеме во таква ситуација, би требало да ги отвориме своите срца и да ги испружиме своите раце – рече Папата.

Последното прашање се однесуваше на тоа како да се надмине стравот од преминувањето во средно училиште. Понекогаш на едно место остануваме кратко, понекогаш долго, а понекогаш целиот свој живот. Но, ние растеме така што ги запознаваме другите луѓе и така што се учиме да се збогуваме од нив – рече Папата. Станува збор за предизвик, но мораме да бидеме подготвени да се соочиме со тие ситуации. Млад човек кој вели дека ќе остане да лежи на каучот, тој нема да може да расте – рече папата Фрањо и заклучи: Убаво е да се собираат спомени, но да се биде човек значи да се гледа во иднината и да се оди напред.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот