За чистотата во бракот

За чистотата во бракот

Бракот може да биде и замка. Многу млади мислат дека проблемите ќе исчезнат штом ќе се венчаат. Во реалноста некои проблеми само што почнуваат.

Сорен Кјеркегор рекол дека човекот со чисто срце непогрешливо следи една цел. Таа цел е волјата Божја. Ако нашите срца не се соединети со Бог, остануваат безнадежно поделени. Што е всушност нечистотата? Нечистотата е оддалеченост од Бога. Меѓу другото е исто така и злоупотреба на сексуалноста. Од Бога сме одделени секогаш кога ги следиме искушенијата и го правиме тоа што не е дозволено.

Нечистотата не доаѓа од надвор. Ниту можеме да се ослободиме од неа од надвор. Таа се раѓа во нашите замисли и идеи и почнува одвнатре да делува како некоја запалена рана:

„А Исус им рече: „Ама вие, уште ли не сфаќате? Уште ли не разбирате дека сè што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрлува надвор? А она, што излегува од устата, иде од срцето и тоа е што го осквернува човекот; Оти од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули; тоа го осквернува човекот. А јадењето со неизмиени раце не го осквернува човекот.” (Мт. 15, 16 – 20).

Нечистиот дух никогаш нема да биде задоволен. Тој никогаш не се чувствува совршен и затоа сака нешто да украде, а потоа сака сѐ повеќе и повеќе. Нечистотата ја валка душата, ја гризa совеста, ни ги уништува внатрешните животи и конечно води до духовната смрт.

Нечистото срце не е ниту задоволно, ниту слободно

Ако не ја штитиме душата од нечистота, им даваме на демонските сили слободен простор, а тие тогаш имаат моќ да нѐ завладеат не само со сексуалното, туку и на сите други подрачја од нашиот живот. Нечистотата може да се одрази и како прекумерно занимавање со спорт, неумерена потреба од докажување на самите себе или желбата за власт. Во чистота ќе живееме само ако дозволиме Христос да нѐ води, а секоја друга моќ која преовладува во нас ја валка нашата душа.

Искористувањето на другиот човек за задоволување на сопствените желби е чин на нечистота. Истото важи и за секој вид на телесни интимности кои не се поврзани со некакво склопување на траен сојуз.

Најлошиот облик на нечистота се состои во сексуалниот однос (или други видови на сексуални активности) со плаќање. Човекот кој се впушта во тоа – според зборовите на апостол Павле – „станува едно тело со таа блудница“ затоа што се служи со телото на другиот човек како предмет со кој се задоволуваат само сопствените потреби. Прави зло, не само против другиот човек, туку и против своето тело.

Зар не знаете, дека телата ваши се Христови членови? Ќе ги земам ли членовите Христови и да ги направам членови на блудница? Тоа никако! Или, пак, не знаете, дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело”. А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него. Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето сопствено тело. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себеси? Скапо сте купени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји. (1Кор. 6, 15 – 20).

Па и во самиот брак сексуалното задоволување поради самиот него нема ништо заедничко со Бог. Фон Хилдебран го опишува односот извршен на овој начин, како отров на зависност кој заплеткува и уништува.

Голема грешка би било да се верува дека недостатокот на сексуалните потреби е спротивност на нечистотата. Напротив, недостатокот на сексуалните потреби дури и не е добро тло за плодна чистота. Човекот без чувства е непотполно битие. Не само што му недостига нешто природно, туку нешто што на неговото целосно битие му дава „боја“.

Луѓето кои копнеат за чистотата ја презираат сетилноста. Слободни се од фарисејскиот страв и не стануваат лицемери. Но, никогаш не ја губат стравопочитта пред таинството на сексуалноста и се држат до тоа толку далеку, со достојно почитување, додека не ја почувствуваат Божјата волја или повикот за женидба. (…)

Еберхард Арнолд пишува: Како што карактерот на срцето не е јасно и единствено или „едноставно“ како што Исус вели, така срцето е слабо, уморно и неподготвено, неспособно да ја прими Божјата волја за големи заклучоци и силни дела. Тоа е причината поради која Исус дава значење на внатрешното единство, цврстината, едноставноста, затвореноста и одлучноста. Чистотата на срцето не е ништо друго освен неподелена целост која знае да владее со желбите кои тераат кон ослабување на човекот. Само во одлучна цврстина срцето ќе биде спремно за примање, искрено и исправно, утешно и мудро, цврсто и силно.

Понизноста е клучот на чистотата

Во блаженствата Исус ги благословува благите и чисти срца, вели дека тие ќе ја поседуваат земјата и ќе гледат во Бог. Чистотата и понизноста одат заедно затоа што и двете произлегуваат од потполното предание на Бог, без тоа не е возможно. Чистотата и благоста не се вродени крепости, за нив мора секогаш одново да се бориме. Христијанинот тешко може да се стреми кон нешто повисоко.

Борбата против сексуалната нечистота не е само проблем на младите. Чистопати и со поголема зрелост не е ништо помала, потребно е животно усовршување. Покрај сѐ, треба да имаме храброст. Ако го замолиме Исус за тоа, тој ќе посредува за нас. Преку Него можеме да се спротивставиме на секое искушение (1Кор. 10, 13).

Само понизните можат да ја доживеат неограничената доброта Божја. Невозможно е за горделивите. Горделивиот се отвора за сите видови зло: нечистота, лага, кражба и подготвеноста за убиство. Каде што нешто такво е направено, чекорот кон останатото не е толку голем. Самоуверениот човек кој со свој труд и единствено на себе се потпира за совладување на нечистотата, секогаш ќе се сопнува. Понизниот човек ја има силата Божја на своја страна, може и да падне, но Бог ќе го подигне.

Секогаш треба да го предаваме својот живот на Исуса, а не само на подрачјето на внатрешните борби. Исус ги совладува сите желби кои ни ја распрснуваат силата. Колку посилно ќе нѐ зафати Исусовиот дух, толку поблиску доаѓаме до нашата конечна цел.

Кој е со чисто срце?

Банхофер напишал: „Кој е со чисто срце?“ Само оној кој потполно го предал срцето на Исус и единствено Исус владее во него, оној кому срцето не му е извалкано со сопственото зло, но ниту со својата добрина“. Говорот на гората покажува дека Исус сериозно ја сфаќа борбата за чистотата. „Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое“ (Матеј 5, 28). Фактот дека Исус зборува за неморалните мисли независно од моралните дела ни покажува од колкава важност е да се има недопрено срце во оваа борба.

Чистиот човек може во сексуалните работи јасно да го разграничи доброто од злото. Тој е сосема свесен за добрите и убави работи во тоа подрачје и ги препознава тие сопствености како дар Божји. Тој исто така добро знае дека и најмалата злоупотреба на овој дар ја отвора вратата на злото и тој знае дека со своја сила неможе да се подигне ако падне во тоа. Поради таа причина чистите мажи и жени ги избегнуваат ситуациите кои би можеле да ги извалкат нивните души. Мислата дека другите ги наведуваат на грев ја одбиваат со гадење.

Од голема важност е во борбата за чистота да отфрламе сѐ што припаѓа во подрачјето на сексуалната нечистота, вклучувајќи ја и алчноста и поседувањето, накратко секој облик на зависност за уживање. Во оваа подрачје нема делумност, па ниту безопасно кокетирање со желбите. Важи само категорично одбивање. Ако ни се чисти срцата, спонтано реагираме против сѐ што може да ни се закани, да се заканува на чистотата.

Христијанската заедница овде носи голема одговорност. Таа мора секојдневно да се грижи за зраците на чистотата помеѓу сите членови (Ефесјаните 5, 3 – 4). Борбата за чистотата оди рака под рака со борбата за праведноста затоа што без чувството за праведност не е возможна вистинска чистота на срцата (Јаков 1, 26 – 27). Чистотата на срцето не се однесува само на подрачјето за сексуалноста. Човекот го онечистува своето срце ако го прати ближниот свој да оди на спиење гладен. Поради овие причини првите христијани предавале сѐ на Бог, предавале сѐ што имале: храна, пиење, имот, телесни и душевни способности. Биле едно срце и една душа и сите заедно управувале.

Бракот сам по себе не ја гарантира чистотата

Заблуда е да се верува дека борбата за чистота завршува со склопувањето на бракот. Бракот може да биде и замка. Многу млади мислат дека проблемите ќе исчезнат штом ќе се венчаат. Во реалноста некои проблеми само што се раѓаат.

Сојузот помеѓу мажот и жената е голема милост. Тој има свое спасително делување, односно делување во обратна насока од ЈАС. Но, оваа спасително делување на бракот не може никогаш да биде совршено. Никој не може да носи, ниту да ја отстрани грижата на совест на другиот. Само преку Исуса е можно другиот да се ослободи.

Венчалниот лист не е никаква гаранција за чистотата. Каде што нема вистински однос кон Бог, интимниот живот многу бргу ја губи вредноста и своето достоинство. И во бракот површното задоволување ги замрачува чувствата и може да го сруши таинството на сојузот помеѓу мажот и жената. Затоа секој брачен љубовен чин би требало да се одвива во иста атмосфера каква што Бог барал од Мојсеј кога се приближил кон запалената грмушка: „Собуј ги обувките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја.“ 2Мој 3, 5). Однесувањето при тоа мора да биде проникнато со стравопочит кон Создателот и таинството на бракот.

Љубовниот чин, како соединувањето помеѓу мажот и жената се одвива под Божја закрила, ја исполнува божествената задача на еден длабок начин: Бог е љубов, мир и потполно таинствен. Во него нема ништо животинско и насилно, туку се создава меѓусебен сојуз на длабока љубов, подготвен за жртва.

Ако сопружниците вака го доживуваат брачниот чин, тогаш чувствуваат дека нивниот сојуз не е замислен да биде сам. Тие не смеат никогаш да заборават дека преку нивниот чин една нова душа може да биде повикана од вечноста на овој свет. И ако се навистина понизни, добиваат такво стравопочитување пред светоста на оваа реалност така што нивното соединување може да биде и молитва.

Кој живеел со нечист живот, никогаш нема да ја разбере виличенствената длабочина на сексуалноста, туку тоа е возможно само преку Христос. Само по Него можеме да бидеме потполно излечени. Знаеме дека нему ќе му бидеме еднакви… затоа што ќе го гледаме таков каков што е. И секој кој ја има оваа надеж се чисти, како што и тој самиот е чист.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот