За оние кои сакаат да бидат храбри родители

За оние кои сакаат да бидат храбри родители

Нема поедноставен и „вистински“ рецепт кога е во прашање воспитувањето на децата, но го поминуваат ли нашите деца времето пред телевизор, на компјутер и таблет или на други апарати?! На родителите е, на промислен начин, со поставувањето на цврсти семејни правила, да ги стават работите под контрола и да почнат да се интересираат за своите деца. Како?

Младиот писател Јосип Јелиниќ од Љубушки за себе вели дека сака да го прославува Бог со даруваните таленти. Еден од неговите таленти е секако тој што добро го забележал и едноставно ја пренел сржта на проблемот околу поставувањето на приоритетите во детскиот живот. На својот Фејсбук профил објавил статус за кој што собрал „планина лајкови“ и позитивни коментари.

Статусот ви го пренесуваме во целост:

Дали е нормално родителите денес на своите деца кои имаат 2, 3 или 4 години не дај Боже година дена да им даваат мобилни телефони за да си играат со нив? Да кажеме кога детето плаче, родителот го „навива“ цртанот на youtube за да се смири детето, му дава време за да поминува на мобилен, лаптоп и такви глупости?

Тоа ми е малку болно и деструктивно. За нивно време можело секако некои нормални играчки, автомобилчиња, мече, но мобилен телефон?

Не го развиваш детето со мобилен верувај ми, туку со љубовта кон него. Сега ти можеш да кажеш па го сакам, го сакам, само понекогаш му давам мобилен телефон. Тоа понекогаш е: Кога плаче. (повеќепати)

Но, родителот уште и се фали. Велат: „Овој малиот знае сè да работи на мобилниот“. Чудо бе. Да го погледнеш. Душа мила, тоа врти сè на youtube. Вели родителот: „Знае подобро отколку јас“.

Тоа е знак дека малиот е чудо! Тоа е потврда. Знае на мобилниот телефон подобро отколку мајката или таткото. Ајде во ред. Не ги осудвам родителите, не дај Боже, можеби мислат дека тоа е добро и дека нема ништо лошо но верувај ми: Лошо е! Чинот не ти е добар! „Учи го детето на важни работи! Дали знае да се прекрсти? Дали го научиле неговите родители? Дали некој некогаш му покажал крст? Ако знае сè на мобилниот, дали си му покажал кој го измислил? Како твоето дете ќе го запознае Бог, да научи да моли, да има некоја перцепција во иднината што е добро, а што зло, што ако ти како родител тоа не го покажуваш уште од самото раѓање!

Од детство!

Не ми е тоа јасно! Луѓе сме, грешиме но само малку да се размисли… научи го бе детето да го сака Бог и Богородица! Па ни си го создал ти, Бог ти го дал тоа дете! Ти го дал значи. Тоа е дар! Не си го заслужил. Едноставно си го добил! И што работиш со тој дар? Биди храбра жена и храбар маж. Дај му го на детето Крстот и кажи му: „Мали сакај! Мала љуби! Љуби ја Богородица! Ќе им помогне ли Бог или Богородица кога ќе има проблеми во животот или јаготката која ја гледа на youtube. Ќе му помогне ли Спајдермен?

Дали е поголема убавина да го благословуваме детето и да молиме покрај него, на тој начин да го смириме неговиот дух или да му дадеме да гледа некои глупости на интернет? Играјте си со децата, немојте да им давате мобилни да стануваат робови во првите години од животот. Воспитувајте го плодот на својата љубов!

Многу цртани филмови се сатанизирани, дали сакате плодот на вашата љубов да ги гледа сатанските дела? Истражувајте ги малку цртаните и сцените во нив.

Истражувајте, ако не верувате! Во тие цртани е сокриено злото. Немојте да бидете мрзеливи за игра со детето колку и да сте изморени, никогаш не е решение да се даде мобилниот телефон на детето за да се смири. Тоа е повеќе израз на родителската мрзеливост и незаинтересираност за да биде креативен татко. Да љуби до крај! Креативниот татко прави сè за да се смири детето, да биде сакано, заштитено. Ја љуби својата жена пред децата, ја прегрнува, колку е убаво тоа да го гледа детето, кога неговиот татко ја сака мајка му или обратно.

Сега некој ќе каже, ќе те видиме тебе да работиш 10 часа на ден и да треба да го прехраниш своето дете. И уште и да го насмејуваш. И уште кога почнуваат да плачат, да ги смируваш. Стварно незнам каков би бил, тоа ќе го видам еден ден ако Бог даде. Секако дека е тешко после работното време да се работи нешто,  и уште да се биде креативен, но бракот е за херои.

Ни малку не е лесно, но е прекрасна работата.

Стари мој, тоа е твојот повик

Си можел да бидеш сам, си можел да не се жениш, си можел без мака да го поминеш животот. Но, дали тогаш сакаш безусловно или сакаш само кога имаш енергија? Не верувам дека Исус имал многу енергија кога добил 5.480 удари при камшикувањето, после тоа го носел Крстот и на крај уште му ги забиле и клиновите во рацете и нозете.

Не е дека многу „пукал“ од сила. Но, љубел до крај! Стари мој тоа е љубов! Јас исто така не знам што е тоа Љубов! Во брак си, бори се! Повикани сме на вистинска Љубов! Во бракот може да бидеме само работници, мрзеливите не поминуваат, работата е чудо но нема без молитва ништо друго! Ако нема молитва, тогаш го нема ниту Бог! Како тогаш ќе очекуваш благослов во животот? Бадијала работиш. Љубовта е темел! Молитвата! Детето да види како неговите родители се понизни и како го сакаат пред сè Бог, па дури тогаш едни со други! Заедничката молитва толку ги зближува сопружниците и толку го обединува семејството што целото небо тогаш се спушта на земјата.

Охрабри се за тоа па ќе видиш како ќе имаш благословено и среќно семејство! Кој го има Бог, има сè! Мажи љубете ги своите жени и деца до крај и водете ги во рајот или пак ќе земете пиво, ќе лежете на креветот, ќе ги гледајте ливчињата од спортските обложовалници и ќе ги следете натпреварите.

Нека детето гледа цртани, за мајката да биде на инстаграм. Ако тоа е љубов и ако сте за тоа создадени, тогаш во ред.

Но, тоа не е добро, верувај ми. Многу повеќе разговори и молитви со децата, многу насмевка, креативност и мудрост, ниту малку мобилен на децата и ќе видете какви херои сте, ќе воспитате луѓе и христијани.

Како сееш, така и ќе жнееш!

Меѓугорје-инфо/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот