За обвинувањата Ватикан бара конкретни имиња

Архиепископот Анџело Бекиу, субститут во Државниот секретаријат на Ватикан, остро ги критикува изјавите на поранешниот командант на Швајцарската гарда Елмар Мадер за наводната хомосексуална група во Ватикан. Многу е лесно и едноставно да се тврди постоење на такви лоби групи, без да се дадат конкретни имиња и презимиња, рече Бекиу во интервју за италијанскиот весник „Ла Република”.

„Мојата канцеларија е отворена. Му стојам на располагање на Елмар Мадер, нека дојде да каже за кого точно се однесува тоа”, рече Бекиу. Ватикан преземе сѐ за секое основано сомневање поврзано со ова прашање. „Папата Фрањо е првиот кој сака чиста ситуација, а тоа важи и за сите нас, истакна архиепископот Бекиу.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот