За летните одмори

За летните одмори

Влеговме во месец јули. Лето е, време на годишни одмори, и секако одморот е неопходен за секој човек. И покрај тоа што времињата се различни и разни други околности со кои се соочуваме, многумина од нас ќе заминат во овој месец на море или веќе се на нивниот заслужен одмор.

Многуте обврски, работа и разни животни ситуации од секојдневниот живот, навистина од нас бараат да се одмориме и да ги покрепиме телото и душата. За време на одморот имаме повеќе време да се посветиме на себе си и на своите најблиски, но и можност да бидеме повеќе со нашиот пријател Исус и искрено да се среќаваме со него секој ден.

Но честопати нашите секојдневни работи не одвлекуваат од нашиот духовен живот, а особено кога одиме на годишен одмор, за жал, ни се случува целосно да го отфрлиме, мислејќи дека кога сме на одмор, доволни сме си сами на себе.

Сепак да се бориме против тоа, да се бориме секој ден, посебно кога сме на одмор, затоа што, одморот не треба да служи само за обнова на физичката сила. Освен земните и материјалните потреби, човекот не треба да ја запусти и занемарува верата и неговиот однос со Бога!

И затоа, покрај сончањето, капењето во водата и скарата, да се обидуваме секогаш да разговараме со Бога, да го читаме Светото Писмо, да појдеме во недела на света Литургија, да се молиме, да читаме духовни книги и духовна содржина. печат.

Секое утро, разденување да не ни се случи, а да не се помолиме и да му заблагодариме на Господ и да му кажеме:  „Добро утро Исусе, добро утро Богородице!“. Да не падне ноќта без да се заблагодариш и да кажеш .. „Добра ноќ Исусе, добра ноќ Богородица!“

Секогаш да имаме на ум дека сме повикани, каде и да сме и што и да правиме, да бидеме сведоци на нашата вера со видлива љубов кон секое човечко битие. Да не заборавиме, само во мир со Господ, ќе доживееме и ќе имаме навистина вистински годишен одмор, на духот, душата и телото!

ОЗСД/к.мк

Категорија: Колумни
Ознаки летен одмор

За авторот