За да се навести Исус, треба да се излезе од себе

За да се навести Исус, треба да се излезе од себе

Христијанинот е кроток и креативен мисионер – рече папата Фрањо на светата Литургија на 27 мај 2017 година, на плоштадот Кенеди во Џенова, со што ја заврши својата еднодневна пасторална посета на тој град.

Во својата проповед ги поттикна присутните да го негуваат мисионерскиот дух и да се доверуваат на Бог.

Со Исусовото вознесение на небото нашето човечко тело го преминало прагот на небото – рече Светиот Отец. Нашето човештво е таму, во Бог, засекогаш. Таму е нашата доверба, затоа што Бог никогаш нема да се раздели од човекот. Исус се застапува пред Отецот секој ден, секој момент, во секоја наша молитвав и во секое наше барање прошка – рече Папата.

Правиме добро ако во молитвата пристапуваме пред Бог со сите наши проблеми, прашања и грижи, ако пред Бог претставуваме луѓе и ситуации. Тоа му е потребно на светот! И на нас самите тоа ни треба – рече папата Фрањо. Предупреди на современиот начин на живот кој прави да трчиме и работиме, да се залагаме за многу, но притоа да ризикуваме навечер да бидеме изморени и душата да ни биде оптеретена. За Светиот Отец решението е секојдневно вкотвување во Бог, изнесувајќи му ги сите наши тешкотии. Тоа е силата на молитвата, кој го поврзува Небото и земјата, која овозможува Бог да влезе во нашето време.

Христијанската молитва не значи да се биде малку на мир со самиот себе, ниту да се стекне некоја внатрешна хармонија, туку христијанската молитва е застапување – рече Папата. Таа не е смиреност, туку љубов кон ближниот. Молитвата е пребарување, барање, тропање. Неуморното застапување за другите е првата одговорност на христијанинот. Тоа е нашето послание, послание кое истовремно изморува и дава мир. Тоа е нашата сила: не да се биде силен или да се вика погласно според логиката светот, туку да се врши нежната сила на молитвата со која можат да се запрат војните и да се постигне мир – рече папата Фрањо.

Светиот Отец зборуваше и за посланието, истакнувајќи дека Евангелието не може да се затвори и заклучи затоа што Божјата љубов е динамична и секогаш сака да дојде до другите. Според тоа, за да се навести Исуса, потребно е да се излезе надовор, да се излезе од самиот себе. Со Господ не можеме да бидеме мирни, сместени во својот свет – рече Папата.

Христијанинот секогаш е на пат, во движење: со Господ кон другите. Христијанинот е ходочасник, мисионер, маратонец на надежта; полн со доверба и во исто време ефикасен; кроток, но одлучен во одење; креативен, а полн со почит; снаодлив и отворен; работлив и солидарен – рече Светиот Отец. Господ сака навестувањето да оди напред не со силата на светот, туку со неговата сила, со јасна и кротка сила на радосното навестување. Поттикна конкретно да работиме за општото добро и мирот. Храбро да се ангажираме, уверени дека порадосно е да даваш отколку да примаш – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот