За гревот прељуба

Кога вршиш прељуба, не е важен начинот. Кога правиш зло и на себе нанесуваш грев… тогаш правиш смртен грев против Пресветата Троица. Многумина не се задоволни со својот живот и бегаат од проблемите наместо да се соочат со вистината и да го решат она што предизвикува кај нив лошо чувство. Многумина не се свесни, а многумина неподготвени влегуваат во заеднички живот со партнерите. Многу работи кои би требало да функционираат престануваат да функционираат, бидејќи луѓето застрануваат и почнуваат да се свртуваат против Бог и заведени од сатаната, зачекоруваат во духовна смрт.

Оние кои изневеруваат не можат ни да замислат колкава голема болка предизвикуваат на Бог, на распнатиот Христос на Крстот. О Господи, зарем оние кои се неверни, не се свесни колку голем грев навлекуваат врз себе и врз целото свое семејство? Зарем неверството е толку слатко?! Што вреди повеќе некој друг маж или жена од вашиот маж или жена? Има многу разведени, несреќни, изгубени души. Страшно.

Неверството е духовен абортус на луѓето кои сме ги избрале за животен сопатник. Кога бираме со кој ќе го поминеме животот мораме да внимаваме, да бидеме подготвени на убави и малку понеубави денови. Телото е храм на Светиот Дух и секоја духовна, мисловна или телесна похота е смртен грев против Пресветата Троица.

Ако се покаеме и одлучиме да прекинеме со таа похота и грев на време можеме да очекуваме и благослов, но само доколку искрено се покаеме и се исповедиме, ако побараме простување и цврсто одлучиме да бидеме свети луѓе и верни на своите брачни другари/ки. Да се преобратиме и да веруваме во Евангелието.

Меѓугорје инфо/Автор:Наталија Д./Превод: го*ко

Категорија: Размислување, Свет

За авторот