Затворена врата

Затворена врата

Неуморната потрага по прилики за раст и напредок на малиот четиригодишник кој само што започна да ја раскажува својата приказна, без разлика кој ќе му ја отвори врата за да го послуша.

Во мислите ми се вртат замислени слики на Марија и Јосиф како во ладната ноќ бараат преноќиште. Сите врати се затворени. Никаде нема место, никако нема начин да им се помогне. Се обидувам да се приближам до Богородичното скршено срце и Јосифовата загриженост. Таа носи под срцето Дете кое со своете раѓање ќе донесе спасение и откупување. Но нема никој за да ги прими, да ги пречека.

Нема место, нема начин да им се помогне

Овие денови со сопругот одев од психолог до логопед, од врата на врата. Додуша, се отвараа, но ние останувавме надвор. Не познавајќи нѐ, не познавајќи го нашето дете и едвај фрлен поглед на медицинската документација, излева море од пречки кои велат дека мојот син не може и не знае да ги надмине. Помислувам како ли успеа да му доденесе ваков суд врз основа на една минутка што го погледна.

Ми наведува што моето дете сака, а што не сака, и почнувам да сфаќам дека зборува напамет. Бара причина да нѐ упати понатаму… кај некого кој ќе има трпение да работи со глуво и аутистично дете со сензорни отстапувања. Понатаму немаше никој. Нема место, нема начин да ни се помогне. Седев во чекалната и скршена од товарот на нивните зборови во мислите прибегнував кон Господа. Единствено што можев е да го носам молкот во душата и зборовите. Не умеев да изустам ниту еден збор кој би ме опишал. Само ме тешеше помислата на Светото Семејство и нивното останување позади сите врати. Ако Тие ги поминале тие болки, колку ли повеќе е повикано моето семејство за наследување на нивната вера. Се обидов да се приближам кон Богородичното срце кое тагуваше пред човековата ладност. Сакав да се соединам со Нејзината болка. Да се почуствуваме со срцата.

Некои врати денес се затвораат, а утре други се отвораат

Сопругот и јас си отидовме. Научивме само пред кои врати да не ја губиме верата во нашиот син. Потребни се понекогаш затворени врати од човекот за да се отворат вратите кон Бога. Има денови кога ме заслепуваат сите тие дијагнози што се земени од мојот син и таа врева на затворените врати како ме тргнуваат од синот во кој целата сила и надеж ја полагав во човекот.

Да, мојот син има потешкотии. Но пред сѐ, и повеќе од се, тој е дете Божјо. Неговиот создател е Бог и го создал затоа што го сака. Не сакам повеќе добра за своето дете, туку за Бога и неможам да му дадам толку добра за него како што може милосрдната рака Божја. Во никого не ни е помошта и благословот како што ни е во Господа.

Затоа, и покрај потребата од терапевт, рехабилитатор и стручњаци од разни видови, во никого не треба да се надевам.

Ете, некои врати денеска се затвораат, а утре други се отвораат. На нас е да живееме од она што Бог го има за нас. Мое е неуморно да барам прилики за раст и напредок на мојот мал четиргодишник кој што само што започнува да ја раскажува својата приказна… без обзир кој ќе му отвори да го послуша.

Жена врсна/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот