Застој помеѓу смртта и животот: Торинското платно – икона за Велика Сабота

Застој помеѓу смртта и животот: Торинското платно – икона за Велика Сабота

Велика Сабота е „ничија земја“ помеѓу смртта и воскресението, но во оваа „ничија земја“ влезе Еден, Единствениот, кој ја премина со знаците на своето Страдание за човекот.

Во денешното време, особено откако го поминавме минатиот век, човештвото стана чувствително особено на таинството за Велика Сабота. Сокривањето на Бога е дел од духовноста на современиот човек, на егзистенцијален, речиси несвесен начин, како една празнина во срцето која сè повеќе се шири. На крајот од 18. век Ниче напишал: „Бог е мртов! И ние го убивме!“. Овој познат израз, е земен буквално од христијанската традиција, кој честопати го повторуваме на Крсниот Пат, можеби без да бидиме потполно свесни за тоа што кажуваме.

По двете светски војни нашето време во поголема мера наликува сè повеќе на Велика Сабота: темнината на овој ден поставува прашање на сите оние кои прашуваат за нивниот живот, особено на посебен начин нас христијаните. И ние имаме дел со оваа темнина. Но сепак смртта на Божјиот Син, Исус од Назарет има спротивен аспект, целосно позитивен, извор на утеха и на надеж. И ова нѐ тера да се мисли дека светото торинско платно се однесува како „фотографски“ документ, кој содржи „позитив“ и „негатив“. Всушност и така е: Најмрачната мистерија на нашата вера во исто време е најсветлиот знак на една надеж која нема граници.

Велика Сабота е „ничија земја“ помеѓу смртта и воскресението, но во оваа „ничија земја“ влезе Еден, Единствениот, кој ја премина со знаци на своето Страдание за човекот.“ И Торинското Платно ни зборува токму за овој момент, го сведочи прецизно овој единствен неповторлив интервал во историјата на човештвото и на универзумот, во кој Бог, во Исус Христос, го сподели не само нашето умирање, но исто така и нашето останување во смртта. Најрадикална солидарност. Што значи ова изразување? Сака да каже дека Бог, кој станал човек, стигна до точката да влезе во екстремна и апсолутна осаменост на човекот, каде што не продира ниеден зрак на љубовта, каде што владее целосното напуштање без ниеден утешен збор: „адот“. Исус Христос, останувајќи во смртта, ја премина вратата на оваа последна осаменост за да не води исто така и нас да ја преминеме со Него. Сите почувствувавме понекогаш застрашувачко чувство на напуштеност, и тоа што не плаши повеќе од смртта е токму тоа, како мали деца кои имаат страв да бидат сами во темнина и само со присуството на една личност која не сака може да бидеме на сигурно.

Еве, токму тоа се случило на Велика Сабота: во царството на смртта одѕвони Божјиот глас. Се случило незамисливото: дека влегла Љубовта „во пеколот“: исто така во најекстремната темнина на човечката најапсолутна осаменост можеме да слушнеме еден глас кој нѐ повикува и да најдеме рака која не фаќа и нѐ води надвор. Човечкото битие живее поради фактот дека е љубен и дека може да љуби; и доколку во просторот на смртта е навлезена љубовта, тогаш исто така таму е пристигнат и животот. Во часот на екстремната осаменост нема да бидеме никогаш сами.

Во утробата на смртта сега чука животот, доколку таму е населена љубовта.

Ова е тајната на Велика Сабота! Токму од таму, од темнината на смртта на Божјиот Син, се појави светлина на една нова надеж: светлината на Воскресението! И еве, гледајќи го ова платно со очите на верата ми се чини дека наѕира нешто од оваа светлина. Всушност, Торинското Платно било ставена во оваа длабока темнина, но во исто време е светла; бидејќи на него не се гледа само мракот, туку и светлината; не толку поразот на љубовта, колку што победата на животот над смртта, на љубовта над омразата; секако гледајќи ја неговата смрт, но во меѓувреме гледајќи го Воскресението; во крилото на смртта чука времето на животот, доколку се всели да живее љубовта.

Тоа е моќта на Торинското Платно: од лицето на овој „измачуван Човек“, кој врз себе ја носи страста на човекот од сите времиња и од секое место, исто така и нашите страсти, нашите страданија, нашите потешкотии, нашите гревови, од оваа лице произлегува возвишено величие, парадоксално господство. Ова лице, овие раце и овие нозе, овие прободени гради, целото ова тело зборува, самото тоа е збор кој можеме да го слушаме во тишина. Како зборува Торинското Платно? Зборува преку крвта, крвта е животот! Торинското Платно е икона испишана со крвта; крвта на еден камшикуван човек, крунисан со трње, распнат и ранет од десната страна на градите.

Втиснатата слика на Торинското Платно е онаа на еден мртовец, но крвта зборува за неговиот живот. Секоја трага од крвта зборува за љубов и живот. Особено онаа изобилна флека близу до срцето, направена од крв и вода кои потекоа од големата рана направена од пробод на римско копје, оваа крв и оваа вода зборуваат за живот. Таа е како еден извор кој шумоли во тишината, и ние можеме да го почувствуваме, да го слушнеме, во тишината на Велика Сабота. Секогаш да го прославуваме Господа за неговата верна и милосрдна љубов. Секогаш да ја имаме при очи оваа слика од торинското Платно, да го чуваме во срцето овој збор на љубовта, и да го славиме Бога со живот полн со вера, надеж и љубов.

(Проповед од пп. Бенедикт XVI, на 2 мј 2010, Торино)

к.мк/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот