Започна 33. Апостолско патување на папата Фрањо

Започна 33. Апостолско патување на папата Фрањо

Светиот Отец полета за Ирак, каде ќе престојува до следниот понеделник.

По 15. месечна пауза наследникот на Свети Петар повторно се упати на Апостолско патување. Утрово на 5 март 2021 година во 7.45 часот, Ербас 330 на италијанската авиокомпанија „Алиталија“ полета од меѓународниот аеродром Фјумичино во Рим, кој откако ќе помине три илјади километри, преминувајќи го воздушниот простор на Италија, Грција, Кипар, Израел и Јордан, по 4,5 часа лет, ќе ги пренесе Светиот Отец и неговата придружба во Ирак, кој ќе биде 52-та земја што ќе ја посети за време на неговиот понтификат, кој започна пред осум години.

Средба со ирачки бегалци

Заедно со молитвата во Папската базилика Света Марија Велика пред и по патувањето, меѓународните посети на папата Фрањо имаат уште една карактеристика, што е знак за близина и солидарност пред патувањето. Така се случи и овој пат. Пред да замине од домот Света Марта кон аеродромот, Светиот Отец разговараше неколку минути со група ирачки бегалци кои пристигнаа во Италија во последните години и за нив се грижи Заедницата на Свети Егидиј и «Cooperativa Auxilium». Групата беше придружувана од кардиналот Конрад Крајевски, делител на папската милостина.

Исполнување на старите очекувања

Посетата во земјата на патријархот Авраам е 33. Апостолско патување на папата Фрањо. Ова е првпат наследникот на Свети Петар да патува во оваа земја. Свети Иван Павле II. планираше да го посети Ирак во 1999 година. Папата Фрањо јасно ја изрази својата желба да ја посети оваа земја кога во 2019 година се сретна со добродетели кои им помагаат на Источните католички цркви.

Програма на првиот ден

Пристигнувањето на папата Фрањо на меѓународниот аеродром во Багдад се очекува во 14.00 часот по локално време. Првиот ден од неговиот престој во оваа земја вклучува средба со владини и претставници на граѓанското општество во Претседателската палата, а потоа и средба со епископите, свештенството, монасите, монахињите и катехистите во Сириската католичка катедрала. Светиот Отец, како и обично ќе престојува во Апостолска нунцијатура.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот